Полната Месечина во знакот Рак ќе донесе посебна енергија која може да доведе до напнатост и разочарување. Наместо да се обидувате да ги контролирате работите, започнете со внатрешна трансформација. Оваа Месечина ќе ви пружи силни емоции и затоа е речиси невозможно да го избегнете нејзиното влијание.rnrn
rn
Овен
rnПолната Месечина ќе ве поттикне да размислувате во насока на нови почетоци, формирање дом и семејство. Многумина од вас ќе бидат наградени на работа за вашиот досегашен напор, додека други ги очекува унапредување во поглед на кариерата. Сега е вистинското време да покажете што знаете и умеете.rn
Бик
rnИако понекогаш тешко се одлучувате за промени во животот, сепак потребно е да ги прифатите и да се прилагодите на новите услови. За некои од вас нема да биде тешко да ја променат својата рутина, а некои пак ќе планираат одмор или патување во следниот период. Ќе можете да ги решите прашањата од правна природа само доколку ја следите сопствената интуиција.rn
Близнаци
rnДоаѓа тежок период особено во поглед на финансиите па можеби ќе сфатите дека е време да почнете да размислувате во насока на одржување рамнотежа во животот. Можеби ќе ви треба и поддршка од другите, но не двоумете се да ја побарате. Најважно од сè е да преземете акција доколку сакате да успеете.rn
Рак
rnЕнергијата на полната Месечина ќе ги зацврсти не само односите во личниот, туку и во професионалниот живот. Овој период ќе бидете презафатени со обврски, а токму затоа и не е поволен период за свршувачка или брак. Од друга страна, оние кои се слободни имаат можност да го запознаат потенцијалниот партнер.rn
Лав
rnАко немате работа сега е време да размислите што сакате да работите. Многумина од вас ќе размислуваат за своето здравје и ќе започнат со здрава исхрана и физички активности. Оние пак кои се вработени, ги очекуваат повеќе обврски од вообичаеното. Астролозите ви препорачуваат да почнете со реализација на вашите планови по периодот на полната Месечина.rn
Девица
rnОвој период ќе биде во знакот на дружењето и романтиката. Многумина од вас ќе се посветат на фитнес и рекреација, а некои пак ќе му се препуштат на уживањето со нивните партнери. Среќата во љубовта ќе им се насмевне на припадниците на овој знак. Постојат големи можности оние кои се слободни да ја запознаат својата сродна душа.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn