rn
Девица
rnВас ве очекува бурен почеток на месецот. Можеби ви се чини дека не ве ценат доволно на работа, па дури и не ве плаќаат доволно. Исто така, ситуацијата не е сјајна ниту со колегите, веќе подолго време не сте задоволни, па затоа сакате да го промените работното место. Во последната недела од месецот, ситуацијата ќе се подобри.rnrnИ на емотивен план сте незадоволни, дури и со пријателите имате проблеми поради чувството на пониска вредност.rnrnЛицата кои се во брак или во долготрајни врски може да бидат фрустрирани од партнерот заради нивното незадоволство и депресија. Променете го расположението и однесувањето додека не биде предоцна.rnrnКога станува збор за здравјето, би било добро да направите неколку прегледи.rn
Вага
rnВаги, вие имате премногу работа и обврски овој месец, но можете сè да постигнете затоа што сте физички способни, но сепак сте ментално исцрпени. Ви треба одмор и мир. Уште кон средината на месецот, ситуацијата ќе се смири, што ќе ви биде во прилог. Добро знаете дека со вашата напорна работа и планирање ќе постигнете сè што сакате.rnrnЛуѓето кои се во врска или брак сега може да се најдат во тешко искушение затоа што ќе се појави личност од минатото, а вие, заслепени од либидото и желбата за љубов, може да не одолеете. Може да ви се додворува и лице кое е веќе во врска. Дефинитивно е ваш изборот и одлуката, но бидете свесни за последиците.rnrnКога станува збор за здравјето, многу Ваги ќе имаат добро здравје, но сепак, можно е некои од нив да имаат некои проблеми со кожата и забите. Можни се дури и алергии.rn
Скорпија
rnДрага Скорпија, овој месец ќе започне со некои ситни проблеми, но вие ќе ги решите. Ќе следува понуда за добро работно место и деловна соработка. Без разлика што мислат другите за вас, вие добивате сè.rnrnБидејќи сте полни со доверба, некои луѓе може да ви бидат лути, па дури и љубоморни.rnrnСкорпиите кои се во врска би можеле да го запостават својот партнер, а тоа може да предизвика љубомора, па можеби треба да одредите кои се вашите приоритети во животот и да се соочите со љубомората.rnrnКога станува збор за здравјето, вие сте доста силни, но поради исцрпеност и недостаток на сон ви треба одмор и зајакнување на имунитетот.rn
Стрелец
rnВие Стрелци, овој месец ќе бидете многу комуникативни и сите приходи ќе ги остварите преку комуникација. Во втората половина од месецот, треба да се погрижите за вашите трошоци. Можеби треба нешто и да заштедите.rnrnАко сте во врска, тогаш треба да бидете малку поактивни. Вашиот партнер нема да се буни ако преземете некоја иницијатива на љубовен план.rnrnПовеќето Стрелци се во добра здравствена состојба и треба само да бидат физички поактивни додека хроничните пациенти треба да внимаваат на вирусите и на нивната исхрана.rn
Јарец
rnЗа вас, драги Јареци, сè е во вообичаениот духовен и емотивен тек. Овој период ќе се истакнете со вашата ментална сила.rnrnМногуте планети кои моментално се наоѓаат во вашиот знак ќе ви дадат огромна самодоверба и сила да остварите сè што сте замислиле. Од средината на месецот, Марс влегува во вашиот знак, што ќе ви даде дополнителна енергија да се борите и да ги исполните вашите желби.rnrnЕмотивно сакате сè да биде стабилно, па затоа посветете му се на партнерот наместо да бирате слобода и самотија. Оние кои се сами не треба да прифатат „врска за една вечер“ затоа што таа нема ништо да им донесе. Многу успеси во љубовта и бизнисот зависат исклучиво од вашите емоции.rnrnКога станува збор за здравјето, треба малку да успорите и да си дозволите одмор, да јадете здраво и да земате дополнителни витамини.rn
Водолија
rnДраги Водолии, сè додека е по ваше, оди добро. Вашиот оптимизам и позитивност влијаат врз сите луѓе околу вас.rnrnИмате многу работа, па заради тоа немате време за семејството и пријателите кои се чувствуваат запоставено. Обидете се да поминувате повеќе време со вашите најблиски, затоа што ќе имате уште повеќе работа до крајот на месецот. Водолиите кои имаат партнери, на емотивен план ќе се чувствуваат добро, хармонично и исполнето.rnrnНекои слободни Водолии може да бидат расположени за флерт, но на крајот сепак да останат сами.rnrnКога станува збор за здравјето, ви недостасува физичка активност и вежбање, додека сè друго е прилично добро.rn
Риби
rnЗа вас, драги Риби, овој месец може да започне без никакви проблеми затоа што тие останаа во минатото и не се враќаат назад. Во однос на бизнисот и финансиите, сега не е време да се изложувате на непотребни трошоци бидејќи паричникот ви е полупразен.rnrnНе е време да се инвестира во бизнис освен ако тој не ви гарантира приходи. Време е да заштедите некој денар.rnrnЕмоционално, по долгата осаменост, нешто ќе ја поттикне вашата потреба да бидете сакани, разгалени и згрижени во топла прегратка. Сето ова е изводливо ако веќе имате партнер, а доколку сте слободни тогаш дозволете му на лицето што ве сака да влезе во вашиот живот.rnrnКога станува збор за здравјето, треба да се земе предвид начинот на исхрана бидејќи може да се појават проблеми со стомакот поради дебелина. Хранете се здраво.rnrnМожеби сакате да дознаете и којa песна треба да ја слушате на Денот на вљубените според вашиот хороскопски знак.
