Подароците и искажувањето благодарност можат на различни начини да влијаат да се почувствуваме подобро. Тоа го забележале и истражувачите од Универзитетот од Копенхаген, кои истражувајќи ја мигрената забележале дека одредени центри во мозокот се активираат кога луѓето гледаат празнични содржини, како на пример божиќни фотографии.rnrn
rnrnРезултатите од ова истражување биле објавени во британски медицински журнал на 16 декември. Погледнете до какви заклучоци стигнале тие:rn
Нашиот мозок кога подаруваме
rn
rnrnДобивањето подароци е прекрасна работа, а истражувањето покажало дека кога подаруваме, центрите во мозокот реагираат исто како и кога добиваме подароци, што е една од причините зошто се чувствуваме толку убаво кога ги даруваме драгите луѓе или оние на кои им е потребна помош.rn
Нашиот мозок кога се заблагодаруваме
rnЗа време на празниците поминуваме многу време со семејството и пријателите и размислуваме колку сме благодарни за сите важни и добри луѓе во нашите животи. Благодарноста ја наградува дарежливоста и го одржува кругот на здравото општествено однесување.rn
Нашиот мозок под стрес
rnПразниците не се исполнети само со љубов и семејно дружење, туку и со стресови како што се пазарењето, патувањето, подготовката на храната, грижата за парите… Едно истражување од 2008 година спроведено од американската асоцијација на психолози, покажало дека 8 од 10 личности се под голем стрес за време на празниците, а токму стресот ги прави луѓето нервозни, раздразливи и подготвени за караница.rn
Нашиот мозок под влијание на шеќерот
rn
rnrnКога консумираме торти и колачи, телото испраќа порака до нашиот мозок со која се активира центарот за наградување. Секако, нема ништо лошо во повременото стимулирање на овој центар, меѓутоа доколку тоа се случува пречесто, доаѓа до послаби реакции, како и појава на нездрава желба за шеќер.rn
Нашиот мозок и зимската тага
rnДоколку за време на празниците се чувствувате лошо, за тоа не се виновни празничните денови или потребата од љубената личност. Причина за лошото расположение може да биде сезонско нарушување, што е една форма на клиничка депресија која се јавува повремено во текот на зимскиот период, кога сме помалку изложени на сонце.rn