КАФЕ ПАУЗА

Овенот брани, Лавот заведува: Секој хороскопски знак опишан со само еден глагол

Секој човек носи доминантна енергија или сила, без разлика колку тоа му се допаѓа или не. Во продолжение погледнете кој глагол најдобро го дефинира вашиот хороскопски знак, а потоа истражувајте и утврдете дали е тоа позитивен или негативен аспект на вашата личност. Секој може да стане подобра верзија од себе ако ја прифати својата уникатност и ако го насочи своето внимание на патот кој го избрал.rnrnЕден глагол кој совршено го опишува секој хороскопски знакrn

Овен: „Брани“

rnНекои луѓе вам би можеле да ве наречат агресивни, но вие само сакате да заштитите сѐ и секого околу вас. Како и Девицата, вие не се чувствувате како комплетна личност сѐ додека активно не им помагате на другите и не ги решавате нивните проблеми. Кога витезите би биле некој хороскопски знак, без сомнение би биле Овен.rn

Лав: „Заведува“

rnПостои причина зошто повеќето актери се родени во знакот Лав и тоа е затоа што тие се одлични за придобивање на луѓето околу нив. Вие не сте свои додека не ги уверите сите колку беспрекорен човечки пример сте и искрено, добро е што имате таква самодоверба на сите нивоа.rn

Стрелец: „Движи“

rnВам ви е тешко да се оттргнете од социјалните мрежи, дури и само за момент. Најчесто дури и тешко се одлучувате за каква било активност, без разлика дали се работи за филм, игра или слично, бидејќи се плашите да не пропуштите некој важен настан. Стрелците се плашат дека не го живеат животот во целост. Затоа и излегуваат надвор за да запознаат нови луѓе и да се забавуваат со нив.rn

Бик: „Управува“

rnДоколку не им зборувате на сите околу вас каде се вашите граници, колку се во право или не, тогаш најверојатно спиете. Вие немате време за тривијални разговори, па секогаш во разговорот сте кратки и јасни.rn

Девица: „Работи“

rnШто друго би можеле да работат? Дали моментално би можеле да прават уште нешто? Девиците едноставно се најпродуктивни од сите знаци во зодијакот и не се среќни ако не се вработени.rn

Јарец: „Искачува“

rnВие постојано сте во потрага по следниот предизвик, како на пример некоја нова планина за искачување или пак, достигнување следно ниво во животот. Вам просечноста ви е досадна и вие нема да запрете додека не го достигнете врвот. Токму поради тоа понекогаш можете да бидете прекумерно конкурентски расположени.rnrnrn

Близнаци: „Променува“

rnВо еден момент само сакате да се забавувате, а веќе во наредниот сте бесен тигар кој бурно реагира кога некој нема да го сфати сериозно. Никој не знае што точно може да очекува од вас, бидејќи сте многу променливи. Вие имате случајни емоции и идеи кои може да произлезат во кое било време.rn

Вага: „Балансира“

rnВие се обидувате да бидете добри во сѐ, затоа што очигледно сте свесни за вашите недостатоци. На пример, може да бидете одличен механичар, но лош возач или пак сјаен љубовник, а лош романтичен партнер. Вие не сте особено талентирани за пронаоѓање рамнотежа, но тоа не ве спречува да продолжите да се обидувате. Знаете дека не можете да бидете добри во сѐ, но се обидувате.rn

Водолија: „Омекнува“

rnВие сте навистина грижливи и чувствителни. Без многу напор правите работите да изгледаат поудобни. Идеален свет за вас е оној во кој секој го пронаоѓа доброто во другиот и завршува со својата сродна душа. Вашата вибрација дефинитивно е најдобра.rn

Рак: „Засолнува“

rnВие сакате да изградите дом во сите аспекти на вашиот живот. Стабилноста и посветеноста се вашите клучни извори. Вие имате направено план за семејниот живот, односите и кариерата и се држите до тој план.rn

Скорпија: „Планира“

rnВашиот ум е лавиринт во кој никој не смее да влезе. Секогаш мислите три чекори понапред и најсреќни сте кога победувате. Исто така вие го планирате вашиот резултат во текот на целата игра.rn

Риби: „Чувствува“

rnВие сте емотивни и многу внимателни. Ги чувствувате работите дури и пред да сфатите што воопшто чувствувате, па поради тоа одвреме-навреме комуникацијата со вас станува невозможна.rnrnПрочитајте го и најкраткиот хороскоп на светот: По неколку зборови за секој знак!