КАФЕ ПАУЗА

Која е животната филозофија на секој хороскопски знак?

Која е животната филозофија на секој хороскопски знак?

Секој хороскопски знак има свои лични убедувања кои го презентираат она што му е најважно, начинот на којшто функционира во светот и која е неговата животна филозофија. Личното убедување е длабоко вгнездено во секој човек и го сумира целиот наш живот. И покрај тоа што карактеристиките на претставниците на еден хороскопски знак се манифестираат различно кај секој човек, животната филозофија, сепак е заедничка особина, која нè поврзува со сите членови на тој знак. Прочитајте која е вашата мисла, која ве води и дефинира во животот.rnrnКоја е животната филозофија на секој хороскопски знак?rn

Овен: „Јас сум.“

rnОд овенот го добивате токму она што и го очекувате од него. Неговите постапки се искрени, вистинити и тој поседува дарба да биде целосно присутен и посветен на секој миг од неговиот живот.rn

Бик: „Јас имам.“

rnБикот го цени сето она што го има во животот: луѓето, искуствата, материјалните работи и себеси. Тој ги цени сите овие нешта многу длабоко и си ги чува блиску до срцето.rn

Близнаци: „Јас мислам.“

rnОвој хороскопски знак има жед за информации и силен, активен ум во кој постојано нешто се случува. За близнаците, човечките мисли претставуваат најголемата вредност во животот.rn

Рак: „Јас чувствувам.“

rnЗа ракот, животот претставува една целина од емоции, бидејќи тој има тенденција да гледа на сѐ, низ емоционални „очила“. Тој ги цени и вреднува човечките емоции повеќе од сѐ друго во животот и ги охрабрува и другите луѓе да го сторат истото.rn

Лав: „Јас можам.“

rnМоќта на волјата кај лавот е ненадминлива, а неговата внатрешна сила – незапирлива. Не постои сомнеж дека лавот ќе го исполни сето она коешто го наумил.rn

Девица: „Јас анализирам.“

rnДевицата има бистра свест за сето она коешто се случува околу неа и уникатна способност да ги подреди сите комплексни ситуации и да ја изнајде смислата, на онаа луда работа којашто се нарекува живот.rn

Вага: „Јас балансирам.“

rnВагата поседува талент да создаде рамнотежа во својот и во животот на луѓето околу неа. Нејзината мирољубива природа ѝ овозможува да внесе чувство на хармонија секаде каде што е присутна.rn

Скорпија: „Јас посакувам.“

rnЖелбите кај скорпијата се длабоко сраснати и многу интензивни. Кога скорпијата силно посакува нешто со сето свое срце, таа нема да се смири додека не го спроведе тоа до крај и го претвори во реалност.rn

Стрелец: „Јас гледам.“

rnСтрелецот е оптимистичен и има отворен ум, што му овозможува да го гледа светот низ широка перспектива. Неговата умствена неограниченост е уникатна и освежувачка за луѓето околу него.rn

Јарец: „Јас користам.“

rnЈарецот умее да ги искористи сите ресурси со кои располага, повеќе од кој било друг хороскопски знак. Тој дефинитивно ќе ги оствари сите цели кои наумил да ги реализира.rn

Водолија: „Јас знам.“

rnБистриот и неограничен ум на водолијата ѝ овозможува лесно да акумулира информации и едноставно да им пристапува на сите животни ситуации. Како социјално битие, водолијата сфаќа дека нејзините познавања добиваат најголема вредност, кога ќе ги сподели со останатите луѓе.rn

Риби: „Јас верувам.“

rnКако вечен мечтател, рибата секогаш првенствено ѝ верува на сопствената интуиција и се дефинира себеси врз основа на нејзиниот внатрешен свет. Нејзините верувања, идеали и емоции се тие, кое ја водат рибата низ животот.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.