КАФЕ ПАУЗА

Кои особини ги има вашата сродна душа според вашиот хороскопски знак?

Кои особини ги има вашата идеална душа според вашиот хороскопски знак?

Дали некогаш сте се запрашале што може да ве научи астрологијата за вашата идеална сродна душа? Со анализа на вашиот хороскопски знак, можете да добиете многу подобра идеја за тоа каков би бил вашиот идеален партнер.rnrnКои особини ги има вашата идеална душа според вашиот хороскопски знак?rn

Овен

rnСродна душа: Забавна, самоуверена личност која може да биде во чекор со Овенот.rnrnОвенот е агресивно-забавна личност по природа и сака да живее брзо. Нема време за депресија и има потреба од партнер кој може да го придружува. Неговата идеална сродна душа е некој кој има висока самодоверба и кој не се плаши да ризикува.rnrnПотенцијални сродни души: Овен, Лав, Стрелец, Близнаци и Водолија.rn

Бик

rnСродна душа: Лојална и романтична личност која се фокусира само на него.rnrnБикот ќе остане верен на вистинската личност до самиот крај. Но, тој има потреба од некој кој ќе може на еднаков начин да му ги возврати чувствата. Неговата идеална сродна душа е некој кој е сигурен, некој што не игра игри. Бикот нема време за тоа. Сака и романтични луѓе кои можат да направат да се чувствува како да е единствената личност на светот!rnrnПотенцијални сродни души: Рак, Јарец, Девица и Риби.rn

Близнаци

rnСродна душа: Интелигентна личност, со смисла за хумор и доволно различна за да ја разбие секојдневната монотонија.rnrnБлизнаците знаат да бидат многу пребирливи кога е партнерот во прашање, па затоа треба да се чувствувате посебно доколку ве изберат. Нивната идеална сродна душа е некој што е смешен, паметен и интересен.rnrnПотенцијални сродни души: Лав, Вага, Овен и Водолија.rn

Рак

rnСродна душа: Интелигентна, нежна и сензуална душа, полна со емпатија.rnrnРакот има огромно срце и многу љубов за другите, но ако навистина сакате да го освоите, ќе треба да можете да возвратите. Нему му треба некој кој е доволно интелигентен за да му го долови умот, но и доволно нежен за да се чувствува посебно и сакано. Тој нема многу време за себичност, па затоа и неговиот идеален партнер мора да биде нежен и сочувствителен.rnrnПотенцијални сродни души: Скорпија, Бик, Риби и Девица.rn

Лав

rnСродна душа: Самоуверена и мистериозна личност, способна да го задржи неговото внимание.rnrnЛавот го привлекуваат мистериозни луѓе кои пукаат од самодоверба. Тој сака некој кој е подготвен за авантура и кој не се плаши од ризици. Но, тој исто така сака некој со таинствен карактер кој ќе го привлече неговото внимание.rnrnПотенцијални сродни души: Близнаци, Вага, Стрелец и Овен.rn

Девица

rnСродна душа: Сложена, амбициозна и целосно посветена личност.rnrnСродната душа на Девицата е личност која не само што ќе биде уникатна и единствена туку во исто време амбициозна и дружељубива. Со други зборови, на Девицата ѝ треба некој кој ќе биде исто толку посветен во врската како и таа!rnrnПотенцијални сродни души: Скорпија, Јарец, Рак и Бик.rn

Вага

rnСродна душа: Личност која изгледа добро, паметна и полна со самодоверба.rnrnВагите имаат високи стандарди кога станува збор за љубовта и нема да се задоволат со ништо. Нивната сродна душа најверојатно е онаа која не само што е физички убава туку и паметна. Ја сакаат физичката убавина, пак, затоа што имаат око за естетика.rnrnПотенцијални сродни души: Близнаци, Водолија, Стрелец и Лав.rn

Скорпија

rnСродна душа: Личност што може да ја предизвика и да ја исполни нејзината потреба за страст.rnrnЉубовта на Скорпијата е длабока, интензивна и целосно безусловна. Но, ѝ треба некој кој ќе ја предизвикува. Нејзината идеална сродна душа е личност со богата имагинација која длабоко размислува и чувствува, но не ги открива сите свои карти одеднаш. Тие сакаат малку мистерија и интриги, а исто така ги привлекува и интелигенцијата!rnrnПотенцијални сродни души: Риби, Девица, Јарец и Рак.rn

Стрелец

rnСродна душа: Слободоумна личност која не се обидува да го промени.rnrnСтрелците ја ценат својата слобода и независност и не им треба некој кој ќе се однесува премногу посесивно кон нив. Нивната идеална сродна душа е некој кој сака забава и на животот му пристапува со отворен ум. Не сакаат правила и рутина, ниту пак им треба некој кој ќе се обиде да ги промени. Нивната сродна душа е некој што ќе им помогне да го откријат светот, а не некој што сака да им ги скрати крилјата.rnrnПотенцијални сродни души: Лав, Водолија, Овен и Вага.rn

Јарец

rnСродна душа: Елегантна душа со стил која може да му го окупира умот и да му остане верна до крај.rnrnЈарецот не се плаши да биде пребирлив кога се во прашање љубовниците. Неговиот идеален партнер мора да има одредена елеганција и стил и да се гордее со тоа што е. Треба да биде и интелигентен, но пред сè, да биде сигурен и верен бидејќи на Јарецот му треба некој на кој може да смета.rnrnПотенцијални сродни души: Риби, Бик, Девица и Скорпијаrn

Водолија

rnСродна душа: Посветена, забавна личност со смисла за хумор.rnrnИдеалната сродна душа на Водолијата треба да биде забавна и екстровертна личност и да биде расположена за повремена авантура. Нејзе страшно ја привлекуваат остроумни луѓе кои имаат смисла за хумор. Ако можете да ја насмеете, можете да ја натерате да направи речиси сè. Голем плус би било ако знаете да готвите, бидејќи Водолијата навистина ужива во храната.rnrnПотенцијални сродни души: Вага, Овен, Близнаци и Стрелецrn

Риби

rnСродна душа: Самоуверена личност со креативен ум.rnrnРибите живеат во свој свет и никогаш не го сфаќаат животот премногу сериозно. Нивната идеална сродна душа е некој со здрава доза на самодоверба, див и креативен ум и способност да размислува поинаку од останатите. Најмногу од сè, им треба некој со кој ќе можат да се поврзат на подлабоко ниво.rnrnПотенцијални сродни души: Рак, Јарец, Бик, СкорпијаrnrnОткако прочитавте кои би биле особините на вашата идеална душа според вашиот хороскопски знак, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае ретрограден Сатурн до 4 ноември.rnrnИзвор: atma.hr