КАФЕ ПАУЗА

Кои ќе бидат најсреќните датуми во април?

Кои ќе бидат најсреќните датуми во април?

Доаѓа април, најубавиот пролетен месец, а астролозите предвидуваат дека одредени денови ќе бидат особено среќни за сите хороскопски знаци. Во продолжение прочитајте за кои датуми станува збор.rnrnКои ќе бидат најсреќните датуми во април?rn

4 април – денот на огледалата

rnПрвиот среќен ден во април е датумот обележан со низата 4-4. На овој ден, со светот ќе владее бројот 4, број што ги отелотворува интегритетот, спокојството и хармонијата на четирите елементи. Со оглед на тоа дека се работи за понеделник, ќе ни помогне да ја започнеме неделата со нова енергија. Не заборавајте ги вашите планови и желби тој ден затоа што постојат големи шанси да се остварат.rn

11 април – Меркур влегува во знакот Бик

rnСтанува збор за уште еден поволен транзит. Сепак, можни се мали предизвици особено за оние кои ќе планираат во тој период. Од друга страна, енергијата на планетите ќе придонесе за полесно стекнување нови познанства и преговарање. Доколку планирате пак, да инвестирате во недвижен имот, астролозите ви препорачуваат да го направите тоа токму на овој датум.rn

21 април – Метеорски дожд Лириди

rnСе работи за вториот по важност метеорски дожд во 2022 година. Ќе започне на 16, но интензитетот ќе го достигне на 21 и 22 април. Овој метеорски дожд е тесно поврзан со соѕвездието Лира кое, пак, го претставува духовниот и интелектуалниот аспект. На овој ден е пожелно да се посветите на стекнување нови знаења, но и на решавање проблеми. Овој период ве очекува голем успех доколку се занимавате со креативна работа.rn

29 април – Меркур влегува во знакот Близнаци

rnТранзитот на Меркур во Близнаци ќе трае сè до 22 мај. Во текот на овие три недели можна е радикална промена на вашиот живот. Истото важи и за самиот ден на транзицијата – последниот петок во април. Вреди да се спомене дека овој ден ќе биде среќен и покрај ретроградното движење на Плутон бидејќи нема да има доволно сила да го засени Меркур.rnrnОткако прочитавте кои ќе бидат најсреќните денови во април, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат најсреќните денови во март.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs