КАФЕ ПАУЗА

Каква е вашата сродна душа според вашиот хороскопски знак?

Каква е вашата сродна душа според вашиот хороскопски знак?

Сите знаеме дека дневниот хороскоп не треба да го сфаќате премногу сериозно. Но хороскопите поврзани со вашите главни карактеристики често знаат да изненадат со нивната точност. Па, не е ни чудно ако ја прашате астрологијата каде би требало да ја барате вашата сродна душа. Продолжете со читање и дознајте каква е вашата сродна душа според вашиот хороскопски знак.rnrnКаква е вашата сродна душа според вашиот хороскопски знак?rn

Овен

rnОвните се самоуверени и сигурни во себе, па потребна им е личност што може да ги следи. Тие се храбри луѓе кои често ќе ве изненадуваат и секогаш го кажуваат нивното мислење, без разлика колкав е ризикот. Исто така, Овните воопшто не сакаат лажење.rnrnВладејачката планета на Овните е Марс, што ги прави овие луѓе силни, амбициозни и нетрпеливи. Овните немаат време за „неважните“ проблеми, па нивната сродна душа е храбра и самоуверена личност која е комуникативна.rnrnПотенцијални сродни души: Овен, Лав, Стрелец, Близнаци и Водолијаrn

Бик

rnБиковите се луѓе создадени за љубов од секаков вид. Тие сакаат сигурност и мир и се верни партнери до крајот, под услов и другата личност да се однесува исто.rnrnВладејачката планета на Бикот е Венера, па овие луѓе навистина сакаат да уживаат во животот. Сакаат да бидат опкружени со внимание и бараат целосна посветеност и верност. Воопшто не сакаат игри во врските. Сродната душа на Бикот е романтична личност во чиј центар на светот ќе се наоѓа тој.rnrnПотенцијални сродни души: Рак, Јарец, Девица и Рибиrn

Близнаци

rnНа Близнаците им е потребна личност со интелект и смисла за хумор, што е доволно различна за да им биде интересна. Близнаците се навистина пребирливи кога станува збор за нивните партнери и воопшто не сакаат здодевни односи.rnrnМеркур е владејачката планета на Близнаците, што ги прави желни за знаење и склони кон големи планови и идеи. Нивната идеална сродна душа е духовита, паметна и интересна личност.rnrnПотенцијални сродни души: Лав, Вага, Овен и Водолијаrn

Рак

rnРакот има големо срце полно со љубов, а за до го освоите мора да се однесувате на истиот начин. На Раковите им е важно нивниот партнер да биде интелигентна личност која ќе ги поттикнува нивниот раст и развој. Истовремено, тие сакаат партнер кој е доволно внимателен и кој ќе направи да се чувствуваат сакано.rnrnВладејачката планета на Ракот е Марс, што ги прави навистина емотивни и сочувствителни. Сродната душа на Ракот е интелигентна и внимателна личност со емпатично срце.rnrnПотенцијални сродни души: Скорпија, Бик, Риби и Девицаrn

Лав

rnЛавовите ги привлекуваат самоуверени и мистериозни личности, кои се подготвени на авантура. Нивниот партнер треба да биде подготвен да ризикува и одвреме-навреме да ги изненадува.rnrnСо Лавот владее сонцето, па тие се навистина храбри и великодушни личности. Нивната сродна душа е самоуверена и таинствена личност, која е подготвена да ја одржи возбудата во врската.rnrnПотенцијални сродни души: Близнаци, Вага, Стрелец и Овенrn

Девица

rnВладејачката планета на Девиците е Меркур, што ги прави навистина интелигентни и љубопитни личности. Најмногу им одговараат комплексни и софистицирани личности, а нивниот партнер треба да биде мотивиран и амбициозен. Девиците не сакаат луѓе кои немаат никакви цели.rnrnСродната душа на Девиците е софистицирана и амбициозна личност која целосно ќе ѝ се посвети на врската.rnrnПотенцијални сродни души: Скорпија, Јарец, Рак и Бикrn

Вага

rnПоради владејачката планета Венера, Вагите се добронамерни, привлечни и шармантни луѓе кои сакат да бидат опкружени со убави нешта.rnrnКога станува збор за избор на партнер, Вагите имаат високи стандарди и се внимателни при избирањето. Потребна им е интелигентна личност со широк спектар на знаење, а поради нивната неодлучност, нивниот партнер треба да биде личност која знае што сака. Сродната душа на Вагите треба да внимава и на својот физички изглед, бидејќи тие многу ја ценат естетиката.rnrnПотенцијални сродни души: Близнаци, Водолија, Стрелец и Лавrn

Скорпија

rnВладејачката планета на Скорпиите е Плутон, па овие луѓе се навистина силни и издржливи. Нивната љубов е длабока, интензивна и безусловна, па потребен им е партнер кој може да го издржи нивниот интензитет.rnrnСовршената сродна душа за Скорпиите е личност со бујна фантазија, која мисли и чувствува длабоко, но и која не открива сè за себе. На Скорпиите им е потребен предизвик, интрига, остроумен хумор и страст.rnrnПотенцијални сродни души: Риби, Девица, Јарец и Ракrn

Стрелец

rnСтрелците се под влијанието на Јупитер, па тие се ведри, духовити и добронамерни личности. Стрелците ја ценат својата слобода и независност, па посесивната личност никогаш не би била добар партнер за нив.rnrnСтрелците не сакаат правила и рутина, ниту пак луѓе кои сакаат да ги променат. Нивната сродна душа е отворена и весела личност која секогаш е подготвена за нови искуства.rnrnПотенцијални сродни души: Лав, Водолија, Овен и Вагаrn

Јарец

rnСо Јарците владее Сатурн, па тие се амбициозни и сериозни луѓе. Кога одбираат партнер, го прават тоа навистина внимателно.rnrnНивниот совршен партнер треба да има доза елеганција и да биде горд на себе. На Јарците им е потребна интелигентна личност, која може да внесе смисла во нередот што ја опкружува. Нивната сродна душа е верна личност на којашто можат да ѝ веруваат.rnrnПотенцијални сродни души: Риби, Бик, Девица и Скорпијаrn

Водолија

rnВладејачката планета на Водолиите е Уран, што ги прави луѓе со навистина широки погледи. На Водолиите им е потребен партнер кој е забавен и екстроверт и кој е подготвен на предизвици и авантури.rnrnСовршениот партнер за овие луѓе е личност која е остроумна, која сака да се забавува и која има смисла за хумор. Бидејќи уживаат во храната, на Водолиите потребен им е партнер и што знае да готви.rnrnПотенцијални сродни души: Вага, Овен, Близнаци и Стрелецrn

Риби

rnВладејачката планета на Рибите е Нептун, па тие често живеат во свој свет и не го сфаќаат животот премногу сериозно. Рибите се вистински емпати кои покажуваат големо разбирање за нивната околина.rnrnСродната душа на Рибите е самоуверена личност со креативен ум, којашто не размислува линеарно. Уште поважно им е партнерот да биде личност со којашто можат да се поврзат и длабоко да комуницираат.rnrnПотенцијални сродни души: Рак, Скорпија, Девица и БикrnrnДознајте и како ќе ја сретнете вашата сродна душа според хороскопскиот знак.