Водолијата е независна и креативна, но остава впечаток на бесчувствителна личност. Како овој знак да стане подобар партнер во врската, прочитајте во текстот што следува.rnrn
rnrnВашиот партнер смета дека е тешко да се поврзе со вас. Оставате впечаток на премногу кул и независна личност, но не затоа што сте студени или рамнодушни, туку едноставно затоа што сте премногу преокупирани со животот во вашата глава. Обидете се да живеете помалку насочени кон внатрешноста кога сте со партнерот и дозволете му да ве заведе. Вие не сте затворена личност, но така делувате. Длабоко размислувате за многу нешта, но понекогаш единствениот стимул што ви треба стои токму пред вас. Посветете му повеќе внимание на вашиот партнер и запознајте го подобро.rnrnПонекогаш ви недостига емотивна интелигенција. Затоа треба попосветено да му приоѓате на партнерот и неговите емоции, а не само да рационализирате за сè. Секој на различен начин ги покажува емоциите и се чувствува поинаку, па затоа трудете се повеќе да споделувате со него. Понекогаш, сè што партнерот сака е емотивен одговор од вас.rnrnИсто така, треба да научите како да се раководите со срцето, а не со главата. Немојте за сè премногу да размислувате и слушајте го повеќе вашето срце.rnrnПрестанете да ги потиснувате вашите длабоки емоции и не го контролирајте постојано она што им го покажувате на другите. Немојте да се претворите во премногу студена и ладнокрвна личност поради вашиот страв од интимност.rnrnСе сомневате дали некој може навистина да ве разбере, но треба да му дозволите на вашиот сакан да ја сфати вашата сложеност. Време е и вие да се ослободите од тоа лажно уверување дека никој нема да може да ве разбере. Не може да се поврзете со вашиот партнер ако не дозволите да ги осознае и истражи длабочините на вашата душа и ум.rnrnНаучете јасно да ги искажувате вашите потреби и да побарате помош. Тоа не ве прави помалку независни. Потпирајќи се на вашиот партнер ќе ја зголемите емотивната интимност помеѓу вас.rnrnНамалете ги вашите очекувањата и научете како да бидете пофлексибилни. Невозможно е партнерот да се справи со вас доколку сте убедени дека имате право за нешто. Бидете отворени да прифатите туѓо мислење, а и потрпеливи кога партнерот не го дели истиот став со вас.rnrnМожеби сакате да ги дознаете и 20-те животни принципи според кои се води секоја Водолија.
Како Водолијата може да стане подобар партнер во врската?
