КАФЕ ПАУЗА

Како полната Месечина ќе им влијае на хороскопските знаци?

Како полната Месечина ќе им влијае на хороскопските знаци?

Супер полната Месечина го означува крајот на една фаза од нашите животи и ни ја отвора вратата за нешто ново и подобро. Сè што треба да направиме е да ја искористиме нејзината енергија и да започнеме со позитивна трансформација. Во продолжение прочитајте како полната Месечина ќе влијае врз вашиот хороскопски знак.rnrnКако полната Месечина ќе им влијае на хороскопските знаци?rn

Овен

rnЌе бидете постојано зафатени и ќе имате впечаток дека нешто постојано се случува. Игнорирајте ги грижите и проблемите од минатото и обидете се да се фокусирате на сегашноста. Не заборавајте ја потребата и од ентузијастичкиот пристап кон она што го работите.rn

Бик

rnПолната Месечина ќе влијае врз вашата осма куќа (секторот на тајни и мистерии). Со други зборови, Месечината ќе ви пружи можност длабоко да размислите за сето она што ви се случува. Ќе сфатите што е она што ве оттргнува од посакуваната насока.rn

Близнаци

rnПред неколку недели овој лунарен циклус започна токму со младата Месечина во знакот Близнаци. Со оглед на тоа дека оваа Месечина ќе влијае врз вашиот сектор на љубовните врски, во следниот период треба да внимавате на комуникацијата со партнерот.rn

Рак

rnПолната Месечина ќе влијае врз секторот на вашето здравје и затоа сега е одлично време да му посветите повеќе внимание. Освен тоа, сега ќе биде и идеален период да направите планови за иднина, но внимавајте да не претерате. Не заборавајте и да одвоите време за одмор.rn

Лав

rnПолната Месечина ќе влијае особено врз вашиот сектор на креативноста и изразувањето. Така, благодарение на Месечината ќе бидете полни со енергија и ентузијазам и тоа за работите што најмногу ве интересираат. Сепак, внимавајте бидејќи полната Месечина не е најдобро време за нов почеток.rn

Девица

rnПод влијанието на полната Месечина ќе почнете да размислувате како да ги реализирате вашите желби и амбиции, како да одвоите време за нив, но и да процените дали вашите обиди ќе вродат со плод или не. Доволно е да се движите чекор по чекор, а тоа ќе ви помогне полесно да дојдете до потребните одговори.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn