Уште еден доказ дека чоколадото и кикириките се најдобри пријателиrnrn
Потребно е:rn
- rn011
- 2 шолји непечени, лупени кикирки
- 1/2 шолја какао
- 1 1/4 шолја шеќер во прав
- 1 лажичка сол
- 3 лажици масло
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnПодготовка: Рерната загрејте ја на највисоката температура која ја има. Во тавче за печење, ставете хартија за печење и истурете ги кикириките. Распоредете ги рамномерно и печете ги 10 минути додека не почнат да добиваат кафена боја. 
За тоа време, промешувајте ги неколку пати за да не загорат. Кога ќе бидат испечени, кикириките ставете ги во процесор за храна и мелете ги 5 минути додека не бидат во речиси течна состојба. Ако смесата стане многу густа, ставете малку вода за да стане полу-течна.
Потоа, додајте ги какаото, шеќерот, маслото и солта и мешајте во процесорот. 
Готовиот намаз ставете го во пластичен или стаклен сад и оставете го преку ноќ во фрижидер.
Наредниот ден, кога намазот ќе биде ладен и цврст, намачкајте го на парче леб. Внимавајте, овој намаз создава зависност 🙂
