Полната Месечина во знакот Водолија ќе настапи на 1 август во 19:32 часот. Бидејќи лунарниот циклус трае 29,5 дена, тоа значи дека на 30 август нè очекува уште една полна Месечина и тоа во знакот Риби. Двете ќе бидат супер месечини, што значи дека ќе бидат поблиску до Земјата и ќе ги чувствуваме посилно нивните ефекти.rnrn
rnrnПолните месечини, но особено супер полните месечини, ни го насочуваат вниманието кон она од кое треба да се ослободиме. Тие ни помагаат да осознаеме што е тоа што треба да го отстраниме од животот за да продолжиме да се развиваме во вистинската насока.rnrnТие укажуваат на исклучително силна желба да се ослободиме, исчистиме, и да ставиме крај на сето она што повеќе не одекнува во нашето битие.rnrnПолната месечина на први август паѓа во знакот Водолија и е совршена почетна точка за „создавање простор“. Содржи слатки, лековити вибрации, кои ќе ни помогнат нежно и со љубов да се подготвиме за да се ослободиме од сè што е тешко.rnrnВеројатно ќе почувствуваме силни исцелителни вибрации, особено кога станува збор за прашања од срцето. Оваа енергија дополнително ќе се интензивира бидејќи Венера, планетата на љубовта, ќе биде во ретроградна положба.rnrnЌе бидеме свесни додека болните емоции, таги и разочарувања полека ќе излегуваат на површина. Можеме да се чувствуваме особено емотивно и чувствително, и иако може да бидат доста интензивни чувствата, веројатно ќе почувствуваме чувство на олеснување кога ќе поминат.rnrnЕнергијата на Водолијата, пак, може да ни помогне да пристапиме со одредена доза на логичност за да можеме да ја донесеме најдобрата одлука.rnrnСе разбира, процесот нема да биде секогаш толку лесен, но треба да знаеме дека имаме лековита енергија на наша страна. Месечината ќе ни ја даде неопходната поддршка, особено доколку постојат одредени работи на кои сакаме да им ставиме крај.rnrnЗа време на оваа полна Месечина би било особено корисно да воспоставиме хармонија со светот околу нас, да поминуваме повеќе време во природа и да користиме лековити намирници и билки.rnrnОва е идеален момент да ја искористиме енергијата на Месечината за чистење, детоксикација и исфрлање на негативните мисли од вашето битие. Бидејќи енергијата на Водолијата ќе биде силна под оваа полна Месечина, можеме да ја искористиме за да ги трансформираме густите, тешки, негативни енергии околу нас во нешто полесно, понадежно и пољубезно.rnrnНемаме контрола врз она што се случува во светот околу нас, немаме контрола врз настаните што се одвиваат, но имаме контрола врз тоа како се справуваме со работите и на што ја посветуваме нашата енергија.rnrnЗа време на оваа полна Месечина насочете ја вашата енергија кон сето она што ве исполнува. Дозволете вашето срце да зрачи како Месечината, да биде големо, светло и полно.rnrnОткако прочитавте за влијанието на полната Месечина на 1 август, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае Уран до 28 август 2023 година.rnrnИзвор: atma.hr
Како ќе ни влијае полната Месечина во Водолија на 1 август?
