Денес е ден кога шеги фрчат на сите страни. Можеби веќе наседнавте на неколку, можеби сѐ уште планирате вие да насамарите некого. Во секој случај, имајте предвид дека хороскопските знаци различно реагираат на првоаприлските шеги.rnrn
rnrnОвенот не обрнува многу внимание на првоаприлските шеги и него тешко е да го измамите.rnrnБикот се труди да не наседне на првоаприлските шеги, но тоа е посилно од него. Тој е од оние кој ќе поверува дури и во најмалата лага.rnrnБлизнаците размислуваат двапати за сѐ што ќе чујат. Затоа нив е малку потешко да ги измамите.rnrnРакот веднаш ќе поверува, бидете сигурни.rnrnЛавот е вообичаено оној кој ги смислува шегите во друштвото, па затоа не се лути кога и тој ќе биде измамен.rnrnДевицата е упорна во напорите да измами некоја блиска личност, но поразот не го прифаќа лесно. Затоа, внимавајте како ќе се пошегувате со некоја неа.rnrnВагата толку многу сака шеги на туѓа, но и на своја сметка, што ќе ви биде многу лесно да ја уверите во некоја лага.rnrnСкорпијата постојано има недоверба, па и на 1 април. Затоа, не сме баш сигурни дека денес ќе успеете да измамите некоја скорпија да падне на вашата шега. Но, не пречи да се обидете.rnrnСтрелецот ќе изреагира како шегата да ја знаел од претходно, за да ви даде до знаење дека демек залудно сте се труделе.rnrnЈарецот ќе наседне на фората, но подоцна ќе се потруди да ви врати со иста мера.rnrnВодолијата не сака да се служи со туѓи фори, па затоа нема да ѝ биде интересна некоја измама доколку не е оригинална.rnrnРибите се вечно насмеани личности. Обидете се денес да ги воодушевите со нова шега и само следете како ќе реагираат.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.