Доколку немате многу време за готвење, сакате десерт чии состојки не се базираат на млечни производи, а се вкусни – ова е вистинскиот рецепт за вас. Овие намирници сигурно ги имате во домот, па одвојте 10 минути и почестете се со овој лесен и брз рецепт.rnrn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 120 грама ореви
- 200 грама урми
- 2 лажици какао
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка
rnНајпрво ставете ги оревите во блендер и мелете додека не забележите дека сте добиле смеса во прав. Додајте ги урмите и какаото и мелете додека не се добие изедначена смеса.rnrnСо влажни раце обликувајте ја смесата во вид на топчиња, а доколку е многу леплива и тешко се обликува, во неа додајте уште малку мелени ореви и оставете ја во фрижидерот 10-15 минути.rnrnУживајте!rnrnОвие мали колачиња можете да ги менувате по свој вкус, па така наместо ореви можете да употребите бадеми или лешници, а дополнително можете да ги збогатите со разни семки, суво овошје или цимет. Доколку сакате да бидат послатки, додајте им јаворов сируп или ванилин шеќер. Ова се само некои опции за дополнување, но сигурни сме дека ќе бидете воодушевени и од оригиналниот рецепт.rnrnПрочитајте го и овој рецепт за највкусниот колач со кафе што не се пече.
