Овој хумористичен приказ на вашиот карактер е забавен, но размислете колку има вистина во сето ова затоа што овој опис не е сосема случаен.rnrn
rn
Овен
rnПрипадниците на овој хороскопски знак се посесивни и сакаат да му ја одземат слободата на партнерот, а за себе сакаат цел харем.rnrnТие не признаваат пораз сè додека не се уништат психички. Овие личности сакаат сè да биде по нивно, не знаат за тактика и се разболуваат од чекање. Кога ќе видат дека сте биле во право, нема да признаат затоа што тие никогаш не ги признаваат своите грешки.rnrnОвните се себични и агресивни, не го користат мозокот, не поседуваат емоционална интелигенција, не се препуштаат на партнерот и не го следат. Во животот завршуваат со кретен затоа што нивниот избор на партнер е ужасен и подоцна се прашуваат зошто се измамени или оставени. Им треба многу долго време да ги сфатат работите, ако воопшто се случи тоа некогаш.rn
Бик
rnСамозадоволни, тивки и здодевни личности, а нивниот најголем психички проблем е што немаат никакви проблеми. Сè им е погодено и немојте да им пречите со своите проблеми затоа што тие немаат такви проблеми. Ним треба да им создадете проблем за животот да им биде поинтересен.rnrnНивниот мир е совршен сè додека не се претвори во манично лудило, а кога ќе ги изнервирате, тие ќе ве нападнат и нема да ве спасат ниту вашите извинувања.rn
Близнаци
rnБлизнаците се главни озборувачи и предавници кои се менуваат на секои 10-15 минути, луѓе со сто лица, глумци и нарциси со површен поглед на животот.rnrnРетко се случува да бидете на листата со приоритети кај овие личности. Тие секогаш ќе прават планови за да бидат со некој друг, отколку со вас. Близнаците можат да бидат со повеќе од една личност истовремено. Добрата страна е што кон сите се однесуваат како што се однесуваат кон вас. Имате работа со личност која не е во состојба да постигне квалитет, туку само квантитет.rnrnНо, тоа што од Близнаците не добивате ништо не значи дека и тие не очекуваат ништо од вас. Сепак, тие се само евтини, себични кретени, вешти во зборувањето и зборовите се единствената валута што ја имаат и со која сакаат да земат од вас сè што имате.rn
Рак
rnПосесивни лудаци кои се навредуваат ако не им посакате „добро утро“ со соодветна интонација. Тие го менуваат расположението и многу им е важно да го изневерат партнерот. Ако ги обвините дека лажат, тие ќе плачат и ќе негодуваат со години. Ракот го менува својот карактер од крајност во крајност – еден ден се претвора во вашиот најлош непријател, а следниот ден е старата личност со лесна амнезија.rnrnАко сакате да имате темпирана бомба покрај вас што редовно ќе експлодира во вашето лице на секои неколку дена, Ракот е идеален избор за вас. Само зачленете се во некој ловџиски клуб затоа што еден ден ќе ви затреба пушка.rn
Лав
rnАрогантни, вообразени и напорни потценувачи. Лавовите навистина веруваат дека нивното влегување во просторијата е придружено со рефлектори и дека секогаш има барем по една личност во секоја просторија што ги обожава.rnrnВистината е дека секогаш има само една таква личност – тие самите. За да бидете со личност родена во овој хороскопски знак, мора да научите да се согласувате со сè што ќе каже таа и да ја обожавате без причина.rn
Девица
rnОпсесивно-компулсивни невротици, кои се ослободуваат од стресот со чистење на станот. Припадниците на овој хороскопски знак не знаат за љубов, немаат емоции и сè се сведува на секс. Само роботот може да биде поладен од Девицата.rnrnСо Девицата сте сигурни во една работа – еден ден ќе ви забие нож во грб. Таа постапка ќе биде промислена, анализирана и потврдена како најдобра опција за неа. Игра толку добро што вие нема да забележите дека таа со денови или месеци пресметува дали е време да ве отстрани од својот живот.rnrnПрипадниците на овој хороскопски знак се нарциси кои се грижат само за својот изглед и се во потрагата по совршенство. Девицата во себе нема страст, нежност и топлина, а солзите што ги пролева се затоа што тагува за себе.rnrnНемојте нејзините моменти на губење на контролата да ги измешате со емоциите. Овие личности се верни само на себе и ги исклучуваат сите други луѓе.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn