КАФЕ ПАУЗА

7 здрави навики на успешните жени

7 здрави навики на успешните жени

Written by

in

,

„Ние сме она што постојано го правиме. Извонредноста не е чин туку е навика.“ – Аристотел

rnИ оваа година, Форбс направи листа со 100-те најмоќни жени во светот, а веќе 3-та година по ред на врвот е германската канцеларка Ангела Меркел.rnrnГолем е бројот на жените кои секојдневно го движат и менуваат светот. Во време кога еманципираната жена има и кариера и семејство, денес сè повеќе се става акцент на одличната способност на жените да балансираат меѓу тие две важни области во животот. Модерната жена не чувствува дека треба да направи избор меѓу едното и другото, туку слободно може да ги има и двете.rnrn7 здрави навики на успешните жениrnrnКако успешните жени го прават тоа? Ова се 7 важни навики на успешните жени кои слободно можете да почнете да ги применувате уште денес.rn

Организирани се

rnОрганизираноста е број 1 фактор од кој зависи вашиот успех. Таа продуцира ефикасност и ефективност. Доколку ви е тешко да ја присвоите оваа навика, почнете со некои основни чекори.rn

    rn011

  • Вашето работно место секогаш одржувајте го чисто и средено
  • rn011

  • Документите средувајте ги во папки и секогаш подредувајте ги по редослед
  • rn011

  • Дајте им приоритет на важните работи, не одлагајте го она што е големо и бара повеќе време
  • rn011

  • Научете се кој било предмет да го враќате на место по неговата употреба
  • rn011

  • Користете потсетници така што нема да ги заборавате важните нешта
  • rn011

  • Имајте дневен планер или електронски календар
  • rn

rnМоже да ви звучи банално, но доколку имате навика да им давате приоритет на важните нешта, да ги чувате документите средени и секогаш да знаете каде и што можете да најдете, тоа значи дека ќе бидете брзи и ефикасни во извршувањето на вашите секојдневни обврски, притоа не губејќи време ниту пак губејќи си ја главата.rnrn7 здрави навики на успешните жениrn

Умеат да се справат со сопствените емоции

rnЖените во глобала се поемотивни од мажите, но емотивните испади не се добредојдени на работното место. Дали некогаш некој ќе ве разлути или можеби ќе ве навреди? Да. Но никогаш не покажувајте ја вашата лутина или избувливост. Останете ладни и смирени и докажете ги вашите гледишта со аргументи и со мирен тон.rnrnДоколку не знаете да управувате со вашите емоции нема да бидете сфатени сериозно ниту пак ќе изградите авторитет во туѓите очи. Успешните луѓе се силни и не дозволуваат гневот или лутината да надвладеат со нив.rnrnСлободно треснете врата кога ќе се вратите дома, но додека сте на работното место вие сте воздржана дама која кога се бори за своите ставови останува на ниво.rn

Зрачат со самодоверба

rnСе разбира, не значи дека успешните личности никогаш немаат пад на самодовербата. Но знаат како да се носат со тоа. Некогаш ќе почувствувате несигурност поврзана со вашата работна способност, вашиот авторитет и надворешниот изглед, но важно е да се однесувате како вистински кралици. Никој не мора да ја прочита несигурноста на вашето лице.rnrnИ да постои нешто за што не го знаете одговорот, во ред е. Човек учи додека е жив. Само не избрзувајте во донесувањето заклучоци дека не сте доволно добри. Имате важна презентација за една недела? Ќе ја завршите и побрзо од очекуваното и ќе блеснете на самиот ден. Никогаш немојте да се посомневате во вашата способност.rnrn7 здрави навики на успешните жениrn

Им помагаат на другите

rnСветски познатите моќни жени се големи филантропи, што значи дека вистински е успешен само оној кој им помага на другите. Вистински вреди личноста која има сочувство и знае да биде хумана, а не онаа која мисли дека треба да биде себична, да гази сè пред себе и да не вреднува ничиј труд. Само погледнете ја уште еднаш листата на Форбс. Ќе погледнете во имиња, не само на големи политичари или музичари, туку и на хуманисти.rnrnКога имате можност да направите добро дело, сторете го. Ако можете да му помогнете некому направете го тоа. Дури и да излезе дека тој некој не знае да ја цени вашата помош, важно е дека вие сте поголемата личност и бидете горди на себе.rn

Се грижат самите за себе

rnНикогаш не посветувајте се само на обврските запоставувајќи го сопственото здравје. Парите секогаш се заработуваат. Здравјето е она што не се купува со пари. Најдете начин да избегате од стресното секојдневие макар на момент. Изнајдете сопствена формула за справување со анксиозноста. Најдобар начин е да имате точен распоред така што вашето тело и ум ќе имаат навика да прават одредени работи во одредено време, и не пореметувајте го тој ред.rnrnВашето слободно време користете го за прошетки во природа, за спортување или медитирање. Успешните жени се хранат добро и здраво и се физички активни бидејќи знаат колку е важно да бидат витални и полни со енергија.rnrnУспешните жени се убави и негувани. Тоа во никој случај не значи дека треба да станете робови на надворешниот изглед, но жената со својата појава треба да остава впечаток на моќна и авторитетна личност. Доколку не се негувате себеси си правите штета за сопственото здравје, а воедно и за вашата кариера.rn

Се фокусираат на своите јаки страни

rnНаместо да се фокусирате на она што ви фали, на навика која не ја поседувате, работи кои ги правите погрешно, пофалете се себеси за она во кое сте навистина добри. Вашата јака страна искористете ја во ваш прилог. Никогаш не потценувајте се себеси мислејќи дека не сте доволно добри бидејќи не умеете да направите нешто. Нема секој талент за сè. Добри сте во пишување, математички пресметки или пак во готвење? Тогаш потенцирајте го тоа наместо да се фокусирате дека не сте доволно ефективни во комуникација со клиенти, на пример. Затоа постојат многу различни работни места за луѓе со различни карактери.rn
rn

„Секој човек е генијалец“, рекол Ајнштајн. Но, ако ја проценуваш рибата според нејзината способност да се качува на дрво, таа ќе го живее цел живот мислејќи дека е глупава.“

rn7 здрави навики на успешните жениrn

Поставуваат граници

rnУспешните жени се зафатени жени со многу обврски. Тоа е како да жонглираш со чинии и ти се чини дека штом ти испадне една, и сите останати ќе паднат на подот. Затоа успешноста со себе повлекува и голема одговорност. Токму поради тоа, вие мора да знаете како да поставите граници. Која е линијата што другите не смеат да ја поминат? Кога треба едноставно да кажете „не“? Запомнете, во најголем дел од ситуациите самите се натрупувате со обврски бидејќи не знаете како да ги поставите тие граници. Луѓето не можат да ви земат нешто што вие не сакате да го дадете. Ако се работи за вашето скапоцено време, имате право да речете „не“ доколку навистина чувствувате таква потреба.rnrnУспешноста на кое било поле во животот не доаѓа преку ноќ, туку е навика која се гради и бара трпение. Доколку се пронајдовте во некоја од горенаведените навики тогаш сте на добар пат, а доколку не, секој има можност и секој треба да поработи на себе. Којзнае, можеби за некоја година ќе ве видиме на листата на Форбс?rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.