rn
Коњ (1918, 1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014)
rnЌе почувствувате наплив на голема енергија што ќе ви помогне при реализирањето на вашите планови. Сè би можело да помине во најдобар ред доколку дејствувате сами, но проблемот е што не сте сами и некој околу вас сигурно ќе направи грешка што ќе влијае врз вашиот резултат. Најдобро е да се фокусирате на личниот раст и развој. Посветете внимание на духовната страна на вашето битие и обидете се да ја пронајдете внатрешната хармонија.rnrn
rn
Коза (1919, 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015)
rnЕмотивноста ќе ви создаде големи проблеми, па затоа добро би било да внимавате на импулсивните одлуки и конфликтното однесување. Од материјален аспект, годината ќе биде успешна за вас. Од друга страна, ако сакате среќна љубов, тогаш мора да бидете подготвени да се промените. Кога ќе наидете на тешки ситуации не заборавајте да разговарате со вашите најблиски. Тие ќе ве поддржат и ќе ви го дадат вистинскиот совет.rn
Мајмун (1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016)
rnЌе бидете опкружени со најразновидни ресурси. Финансиски средства, познанства, креативни идеи – сето тоа ќе ви биде достапно. Се чини дека сте во состојба да преземете иницијатива, но има еден проблем, а тоа е погрешната проценка на располагање со ресурсите. Затоа е подобро да не брзате. Обидете се и да не бидете премногу емотивни за да не имате проблеми во љубовната врска.rn
Петел (1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017)
rnГодината на Тигарот ќе биде поволна за вас бидејќи постојано ќе ве следат успех и среќа, а околностите ќе бидат на ваша страна. Сепак, не треба сè да оставите на случајноста. Ако не покажете претприемачки дух, тогаш сè ќе биде бескорисно. Фокусирајте се на финансиската аспект затоа што тука ве очекува значителен успех. Доволно е да бидете претпазливи и паметно да управувате со расположливиот капитал.rn
Куче (1922, 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018)
rnМожеби ќе сакате да бидете во центарот на вниманието и да се позанимавате со важните прашања во вашиот живот. Но, веројатноста дека вашите потреби ќе бидат задоволени е многу мала. Ќе ви биде особено тешко сами да се справите со проблемите, но доколку работите тимски, сигурно ќе имате поголеми шанси за успех. Обратете внимание на вашето расположение. Колку сте пооптимисти, толку попозитивни настани ќе ве опкружуваат.rn
Свиња (1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019)
rnОва ќе биде година на изобилство и успех за вас. Обидете се да ја спроведете секоја идеја, макар и најлудата што ќе ви падне на ум. Не ги одложувајте за подоцна, бидејќи вашето време е овде и сега. Годината ќе ви даде можности да постигнете успех, да развиете професионални вештини, да се искачите по скалилата на кариерата, како и да бидете успешни во љубовта.rnrnОткако го прочитавте кинескиот годишен хороскоп за 2022 година, можеби ќе сакате да го прочитате и годишниот хороскоп за 2022 година во поглед на работата и кариерата.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
