rn
Вага
rnНеделата ќе биде особено динамична за вас со оглед на тоа дека ви претстојат важни настани. Ќе успеете да ги постигнете целите, но важно е да не застанете тука. Откако ќе ги остварите, поставете си нови цели. На тој начин ќе постигнете вистински напредок на личен и професионален план.rnrn
rn
Скорпија
rnПосветете повеќе време и труд во анализа на вашите финансии, но и на „законите“ според кои функционираат парите. Кога ќе навлезете во нивните тајни ќе сфатите каде сте грешеле досега. Во последните денови од мај ќе наидете на нови предизвици и искушенија. Не заборавајте дека единственото нешто што можете да го искористите како свој адут се интуицијата и знаењето.rn
Стрелец
rnВашиот финансиски успех во голема мера ќе зависи од вашето расположение. Ѕвездите ќе ви бидат наклонети доколку покажете волја за промена и нови предизвици. Освен тоа, ова е идеално време да ја преземете контролата врз вашиот живот! Доволно е да покажете сè што знаете и умеете.rn
Јарец
rnОна на кое треба да сте особено внимателни во следниот период се зборовите. Тие ќе одиграат голема улога во привлекувањето финансиска среќа. Освен тоа, постојат големи шанси дека во следните неколку дена ќе склучите важен договор кој ќе ви донесе големи приходи.rn
Водолија
rnНаучете да ја цените туѓата добрина, одговорност и доверливост бидејќи ќе се најдете во ситуација да побарате помош од другите. Од друга страна, од голема важност е да воспоставите рамнотежа помеѓу работата и слободното време. Не смеете да се преоптоварувате со грижи, но тоа не значи дека треба да ги занемарите.rn
Риби
rnЅвездите ви ветуваат период на стабилност, а најголема шанса за успех ќе имате во средината на неделата. Во овој период пожелно е да инвестирате во недвижен имот или хартии од вредност. Сепак, не занемарувајте ја и вашата интуиција и не впуштајте се во ризик без претходно да ја анализирате целосната ситуација.rnrnОткако го прочитавте неделниот финансиски хороскоп до 29 мај, можеби ќе сакате да го прочитате и неделниот хороскоп од 23 до 29 мај.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
