Секој хороскопски знак се одликува со посебни карактеристики кои го прават поразличен од останатите. Сите знаци имаат свои интереси, но и работи кои не можат да ги поднесат. Добро е да знаете на што треба да внимавате кога сте во нивно присуство, бидејќи постојат работи кои тие никогаш не би можеле да ви ги простат. Ова се работите кои никако не смеете да ги направите на секој хороскопски знак…rnrn
rn
Овен: Никогаш не се карајте со нив
rnТие се многу импулсивни и агресивни. Плус, секогаш се во добра форма, што значи дека физички се посилни од вас и без проблем би можеле да ве скршат од ќотек.rn
Бик: Никогаш не им ја крадете храната
rnБиковите со задоволство ќе ја поделат нивната храна со вас, особено ако тие ја подготвиле. Меѓутоа, ако се обидете да им украдете од храната, тие ќе бидат повеќе од навредени. Засекогаш ќе ја изгубите нивната почит.rn
Близнаци: Никогаш не им кажувајте да замолчат
rnБлизнаците обожаваат да комуницираат и ако им кажете да замолчат веднаш ќе ги пресечете. Тие не можат да поднесат доколку некој ги спречи гласно да си ги кажат нивните мислења.rn
Рак: Никогаш немојте да ги критикувате
rnРаковите знаат да бидат малку несигурни, па ако им дадете конструктивна критика, тоа е исто како да сте ги удриле во стомакот. Всушност, физичката болка би им била многу побезболна.rn
Лав: Никогаш не им се спротивставувајте
rnЛавовите сакаат да бидат во центарот на внимание и тие се добри лидери, така што ако се обидете да им се спротивставите веднаш ќе ве стават на нивната црна листа. А сите знаеме колку е тешко да ви прости горделивиот Лав.rn
Девица: Никогаш не се обидувајте да им докажете дека грешат
rnАко мислите да потрошите време во докажување дека Девицата направила нешто погрешно, тие ќе ги искористат сите нивни истражувачки и аналитички вештини за да докажат дека се во право и воопшто нема да им биде гајле колку долго ќе им треба за да ве убедат.rn
Вага: Никогаш не ги ставајте во тесно
rnВагите мразат конфликти и не сакаат кога некој ги принудува да донесат одлука. Така што, доколку се обидете да направите некоја од овие работи, Вагата ќе доживее нервен слом. А тоа не е баш пријатна глетка.rnrn
rn
Скорпија: Никогаш не ги лажете
rnСкорпиите се страсни и емотивни луѓе кои никогаш не им простуваат на лажговците. Ако ја излажете Скорпијата, таа ќе го искористи најлошиот можен начин за да ви се одмазди.rn
Стрелец: Никогаш не ги врзувајте
rnСтрелците сакаат да бидат слободни, како физички така и емотивно. Ако сте опсесивни или се обидете да ги спречите да отидат некаде, тие ќе експлодираат.rn
Јарец: Никогаш не се претставувајте лажно
rnЈарците се искрени и директни и кога некој се однесува лицемерно со нив, тие веднаш ќе сакаат да избегаат што подалеку и никогаш повеќе нема да можете да ги придобиете.rn
Водолија: Никогаш не се обидувајте да ги промените
rnВодолиите се посебни и секогаш го следат своето срце, но ако се обидете да ги претворите во нешто сосема спротивно на тоа што се, тие засекогаш ќе ве презираат.rn
Риби: Никогаш не се обидувајте да се шегувате со нив
rnРибите знаат да бидат премногу чувствителни и ако се пошегувате со нив во јавност, ќе предизвикате емотивна епизода која никогаш нема да ја заборавите.