Астролозите предвидуваат дека во ноќта помеѓу 14 и 15 април нè очекува важен астролошки феномен – црната Месечина (кога во ист месец вторпат се појавува млада Месечина) ќе премине од знакот Близнаци во знакот Рак каде што ќе остане сè до 8 јануари 2023 година. Овој период ќе биде напнат, интензивен, но и поучен.rnrn
rnrnЦрната Месечина во Рак носи измешани чувства, раздразливост, агресивност и ненадејни промени. Во поглед на физичкото здравје, постои ризик од замор и главоболки. Најважното нешто што морате да го направите во овој период е да се соочите со сопствените стравови, без оглед на тоа колку е тешко. Време е да ги отфрлите старите и лажните верувања за нешто добро да се врати во живот.rnrnОд друга страна, црната Месечина создава илузии, привлекува измамници, лажни ветувања и лоши зделки. Затоа, важно е добро да размислите пред да донесете важна одлука.rnrnКога црната Месечина ќе влезе во знакот Рак, треба да се заштитите од провокации и манипулации и да не им подлегнувате на негативните чувства кои можат да доведат до конфликти. Освен тоа, ова ќе биде поволен момент да се сетите на лекциите на предците кои ќе ви помогнат да се соочите со новите предизвици.rnrnЦрната Месечина е и почеток на нова етапа. Доколку долго време сакавте да започнете некаква промена, сега е најдоброто време да го направите тоа. Но, само под услов да се однесувате чесно, отворено и без предрасуди.rnrnВо овој период ѕвездите ви препорачуваат и да работите на сопствените стравови. Немојте да се криете и обидете да се соочите со нив бидејќи вие сте посилни.rnrnЌе имате можност и да се погледнете себеси однадвор, но и да разберете што треба да промените во вашето однесување за обезбедите подобра иднина за себе и за своите најблиски. Ова ќе биде и поволен момент да се збогувате со старите, непотребни и негативни работи кои ве потсетуваат на минатото.rnrnШто се однесува до работата, овој период е идеален за завршување на започнатите проекти, но и за стекнување финансиски средства. Покрај тоа, обидете се да направите и детоксикација на телото, физичка и психичка. Исчистете го телото со здрава и урамнотежена исхрана, а умот со медитација и техники за релаксирање.rnrnШто не треба да правите за време на транзитот на црна Месечина во Рак? Обидете се да не позајмувате, инаку ризикувате да бидете измамени. Исто така, не треба да земате заем бидејќи постои веројатност за неуспешна трансакција.rnrnОд друга страна, ѕвездите ве советуваат да не носите импулсивни одлуки, обидете се да не подлегнувате на манипулации. Консултирајте се со луѓето на кои им верувате и притоа имајте на ум дека некои одлуки не треба да се донесат сега.rnrnОткако прочитавте што ќе ни донесе црната Месечина во Рак, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот хороскоп за мај 2022 во поглед на љубовта, кариерата и здравјето.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
Црна Месечина во Рак: Чувајте се од манипулации и измами!
