КАФЕ ПАУЗА

Проверете колку време минувате на интернет

Проверете колку време минувате на интернет

Written by

in

Кога сурфаме на интернет, едноставно го губиме чувството за време. Тргнуваме во проверка на една едноставна информација, а се задржуваме десет пати подолго од предвиденото. Еве неколку алатки за Гугл Хром (Google Chrome) кои ги препорачува блогот Интернет занатлија, а ќе ви помогнат да го контролирате времето потрошено на интернет:rnrn1. Web Timer – следи кои сајтови ги посетувате и колку време се задржувате на нив. Откако ќе го инсталирате, овој додаток ќе го најдете во горниот десен агол на Гугл Хром. Тука можете да ги видите збирните податоци за тоа на кој сајт, колку време сте поминале.rnrnПроверете колку време минувате на интернетrnrn2. Title Time Tracker – го мери времето поминато на одреден сајт директно во отворен таб, како што можете да видите на сликата. Единствен недостаток му е тоа што не ги сумира податоците на сајтот, туку го мери времето поминато на точно определено јазиче.rnrnПроверете колку време минувате на интернетrnrn3. Time Tracker – и овој додаток се наоѓа горе во десниот агол на Гугл Хром. Кога ќе кликнете на него, ќе ви се појави список со сите дотогаш посетени сајтови, заедно со времето поминато на нив.rnrnПроверете колку време минувате на интернетrnrn4. Web Time Tracker – сличен е со претходно опишаните додатоци. Го мери времето на дневна основа, но ги сумира податоците и на неделно ниво. Исто така, ги прикажува и вкупните податоци.rnrnПроверете колку време минувате на интернетrnrn5. Simple Time Track – овој додаток се разликува од претходните четири. Тој овозможува да го следите времето на активноста која сами си ја задавате. На пример, додавате нова задача (New task) под името истражување, кој вклучува посета на најразлични сајтови, но сè со цел истражување. Потоа можете да мерите колку време ви е потребно да направите одредена активност. На тој начин можете подобро и полесно да го организирате вашето време поминато на интернет.rnrnПроверете колку време минувате на интернетrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.