КАФЕ ПАУЗА

Чоколадото и хороскопот: Кои знаци најмногу сакаат чоколадо?

Ретко кој може да му одолее на чоколадото. Го јадеме кога сме тажни, среќни, кога учиме, кога се забавуваме… некои дури и за време на најинтимните моменти со партнерот. Тоа е извор на огромна енергија. Познато е и како аналгетик за жени и афродизијак за мажи. Ако ве интересира како секој хороскопски знак го доживува чоколадото, продолжете со читање.rnrnchokoladoto-i-horoskopot-koi-znaci-najmnogu-sakaat-chokolado-kafepauza.mkrnrnОвните ги служи здравјето доколку секој ден го започнат со коцка чоколадо. Припадниците на овој знак кога ќе видат чоколадо, веднаш му навалуваат и најчесто сами го јадат целото.rnrnБиковите се страсни љубители на разни слатки јадења, па и на чоколадо. Бикот купува две пакувања чоколадо, едно за себе, едно за друштвото – никогаш не се знае.rnrnБлизнаците имаат двојна природа, која од нив бара секое задоволство да вкусуваат со по две парчиња, и на тоа нема смисла да се противите. Припадниците на овој знак пробуваат по малку од секој вид чоколадо кое ќе им се понуди.rnrnРаковите имаат голема страст за кикирики, а чоколадото им е опсесија. Често се будат сред ноќ и го „вознемируваат“ фрижидерот. Раковите сакаат чоколадо повеќе од сѐ, така што слободно можете да им го подарите наместо бакнеж.rnrnЛавовите се познати гурмани. Нивната идеална вечера завршува со најдобрите слатки од чоколадо кои не сакаат да ги поделат со никого.rnrnДевиците чоколадото го јадат со вилица и со нож, но се придржуваат до правилото дека во огромни количини ништо не е здраво, па дури ни „храната на боговите“.rnrnВагата сака да добие чоколадо на подарок, но притоа не треба да штедите. Тоа ќе ѝ остави впечаток. Сепак, вагите не можат да се одлучат дали да го јадат или не заради својата линија.rnrnСкорпијата не може ни да изеде чоколадо без тоа да биде со доза на страст и еротичност. Таа го мачка со чоколадо телото на партнерот и дури потоа почнува да ужива во него.rnrnСтрелецот прво ќе се потсети дека чоколадото е богато со магнезиум кој помага во борбата против покачениот крвен притисок, па дури потоа ќе го купи најскапото странско чоколадо во интересна амбалажа.rnrnЈарецот сака чоколадо, и кога го бира, го бара најсовршеното. Ќе го освоите со совршено топло чоколадо.rnrnВодолијата ќе го прескокне чоколадото бидејќи се држи до макробиотичката храна. А и поздрава е. Нејзе подарете ѝ гаџет во облик на чоколадо и таа ќе биде презадоволна.rnrnРибите уживаат во чоколадо со многу ориз. За припадниците на овој знак, тоа е и афродизијак. Затоа на чоколадото му пристапуваат со многу внимание и во одбрано друштво.