КАФЕ ПАУЗА

Астролошка прогноза: Кои космички настани нè очекуваат во април?

Астролошка прогноза: Кои космички настани нè очекуваат во април?

Астролозите предвидуваат две космички појави во април и тоа порамнување на Јупитер и Нептун во знакот Риби и затемнување на Сонцето за време на млада Месечина во Бик. Енергијата што ќе произлезе од порамнувањето на планетите ќе се чувствува во текот на целиот месец, а на 12 април ќе го достигне врвот.rnrnАстролошка прогноза: Кои космички настани нè очекуваат во април?rnrnСредбата на Јупитер и Нептун претставува еден вид колективно будење кое ќе ни помогне да се промениме. Оваа енергија се појавува само еднаш во животот и носи повеќе љубов и светлина, како и можност за исцелување на нашата планета. Април ќе ни донесе и предизвици со кои ќе можеме да се справиме само доколку сме доволно упорни.rnrnНа 1 април ќе настапи млада Месечина, а денот ќе биде одбележан и со средба на Сонцето со Хирон. Тоа е датум кога ќе можеме да го интензивираме нашето исцелувачко патување и да станеме посвесни за светот околу нас. Енергијата на Хирон ќе ни помогне во процесот на зацелување на нашите рани кои ќе ни бидат извор за нова мудрост. Таа ќе ни помогне да им ставиме крај на лошите искуства од минатото.rnrnОд 4 до 6 април, Марс ќе биде во конјункција со Сатурн во знакот Водолија, а со тоа најверојатно ќе излезе на површина некаква сурова вистина. Ова е период кога не смееме да ги одложуваме нашите обврски. Од друга страна, енергијата на Марс и Сатурн ќе истера некои работи докрај, со што ќе мораме и ние самите да се соочиме.rnrnНа 12 април нè очекува голема космичка појава – спојот на Јупитер и Нептун во Риби. Овој настан ќе доведе до духовно будење, нови инспирации и промена на начинот на кој ја согледуваме реалноста, при што ќе можеме да преминеме на повисоки нивоа на свеста. Јупитер и Нептун ќе поттикнат духовен раст, но тие исто така можат да доведат и до одвојување од реалноста и тоа преку нездрави механизми.rnrnНа 14 април Сонцето ќе биде во конјункција со Ерида во знакот Овен. Доколку постојат работи кои ве нервираат или ако сте лути поради сè што ви се случува во животот, обидете се да останете приземјени.rnrnНа 16 април ќе настапи полна Месечина. Нејзината енергија може да предизвика одредена напнатост, но знајте дека универзумот ќе ни испрати поддршка преку која ќе се ослободиме од сето она што не сакаме да го носиме во нас. Така, во наредните денови ќе можете појасно да ги видите работите и ќе знаете како да продолжите понатаму.rnrnНа 19 април започнува владеењето на Бикот. Овој период ќе можеме да воспоставиме рутина, но ќе почнеме да се грижиме повеќе за себе. Тоа ќе биде вистинско време да почнеме да уживаме во животот.rnrnНа 28 април Венера ќе биде во конјункција со Нептун во знакот Риби. Вообичаено, оваа појава се случува еднаш годишно и се работи за настан кој ќе ни донесе енергија за романса, креативност и духовен раст. Искористете го овој период за да се грижите за себе и да поминете повеќе време со саканата личност.rnrnНа 29 април Плутон ќе почне да се движи ретроградно, а неговата енергија ќе нè натера да размислуваме како да ја задржиме нашата моќ. Ова ќе биде и идеален момент да бидете проактивни во поглед на остварување на вашите желби.rnrnНа 30 април нè очекува млада Месечина во Бик, затемнување на Сонцето и конјункција на Венера со Јупитер во знакот Риби. Се работи за позитивен знак кој укажува на нови можности! Затемнувањето на Сонцето ќе ни даде енергија која може да ја интензивира еволуцијата на нашата душа. Ќе се отворат нови врати кои ќе ни пружат нови светови за кои не бевме свесни дека постојат. Тоа ќе биде и поттик да веруваме во моќта на универзумот.rnrnОткако прочитавте за космичките настани кои нè очекуваат во април, можеби ќе сакате да го прочитате и љубовниот хороскоп за оваа пролет.rnrnИзвор: atma.hr