Професор на необичен начин ги научил своите ученици на една важна животна лекција за привилегијата

Сподели

Еден професор во средно училиште сакал да сподели важна животна лекција со неговите ученици. Но, тој сметал дека монотоното предавање нема да биде слушнато, па токму затоа испланирал интерактивна вежба. Сè што му било потребно биле парчиња хартија и канта за рециклирање на почетокот од просторијата.

Реклама

Тој им кажал на сите ученици дека тие ја претставуваат целата популација и дека секој од нив има шанса да се збогати. Потоа им дал едноставна инструкција:rn

„За да преминете во повисоката класа, вие мора да го фрлите парчето хартија во кантата, но притоа без да станете од вашето столче.“

rnРезултатите биле токму тоа што би можеле да очекувате. Повеќето од учениците во првите редови ја погодиле кантата, додека поголемиот дел од оние позади не успеале. Професорот објаснил:rn

„Колку сте поблиску до кантата, толку ви се подобри шансите. Вака изгледа привилегијата.“

rnЕдинствените ученици кои се жалеле за нефер ситуацијата биле оние од задниот дел на просторијата. Од друга страна пак, учениците понапред во просторијата биле толку фокусирани на задачата што воопшто не обрнале внимание на нивната предност, односно привилегија.

Токму така и функционира привилегијата. Таа може да ни овозможи појасен поглед во сегашноста и иднината, но исто така може и да нè одвлече од предизвиците кои ги доживуваат луѓето зад нас со истите цели. Во таа смисла, луѓето со привилегии можат да бидат пречки за социјалното движење на оние без привилегии. Професорот завршил со следнава изјава:rn

„Вашата работа како студенти кои се здобиваат со едукација е да бидете свесни за вашата привилегија и да ја искористите оваа привилегија наречена ‘образование’ за да го направите најдоброто што можете при постигнување на огромни нешта, но притоа треба и да им помагате на оние во редовите зад вас.“

rnПогледнете го ова одлично видео од целиот настан…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

Популарно

Може ќе ве интересира