Покрај чувствата, вниманието и другите начини на изразување љубов, во една љубовна врска и сексот игра голема улога. Нормално е секоја личност да не биде иста кога станува збор за игрите помеѓу чаршафите. За тоа што можете да очекувате од секој хороскопски знак, астрологијата делумно ви открива неколку тајни кои можете да ги проследите во продолжение.rnrn
rn
Овен
rnОвните се познати по нивната љубов за авантура и подготвеност да испробуваат нови работи. Па, во креветот речиси сѐ се наоѓа на нивното мени. Единствената тешкотија за личностите родени во овој знак е монотонијата. Ако сакате повторно и повторно да правите исти работи, тогаш наместо Овен пронајдете друг партнер.rn
Бик
rnЛичностите родени во знакот Бик може да направат многу откачени работи во кревет, но за нив важно е тие да бидат оние кои ќе го предложат тоа. Биковите сакаат да бидат доминантни, па треба навистина да имате среќа за вие први да предложите некоја нова идеја.rn
Близнаци
rnБлизнаците би направиле сѐ. Тие се страсни и игриви љубовници кои секогаш сакаат да истражуваат нешто ново. Овие личности се оптимисти и позитивни и не сакаат многу сериозни или агресивни работи.rn
Рак
rnЛичностите родени во знакот Рак се полни со љубов и грижа и сѐ би направиле за својот вистински партнер, но тие никогаш нема да бидат оние кои ќе предложат нешто. Тие се фокусирани на тоа да го направат нивниот/нивната партнер/ка среќен/а, па ќе бидат многу возбудени сѐ додека во преден план е емоционалната врска.rn
Лав
rnЛавот без сомнение ќе биде најдобриот сексуален партнер кој некогаш сте го имале. Неговата желба да биде во центарот на вниманието го прави природен егзибиционист. Тој сака да се покажува себеси во најдобро светло и да добива внимание од својот партнер.rn
Девица
rnДевиците не се авантуристички љубовници. Ако сакате да експериментирате, тогаш не би биле среќни со личност родена во знакот Девица. Како и да е, тие се многу добри во она што се подготвени да го направат. Како и за сѐ друго во животот, Девиците детално истражуваат и откриваат начини како да станат совршени.rnrn
rn
Вага
rnВагите имаат исклучителни вештини па никогаш не треба да вложуваат премногу напор за да добијат внимание или наклонетост. Големи се шансите тие да бидат пофалени за секој секс. Тие ќе се впуштат во авантура со вас, но потоа нема да ве бакнуваат.rn
Скорпија
rnЛичностите родени во знакот Скорпија може да бидат најдобри знаци во зодијакот кога станува збор за сексот, особено ако најдете припадник на овој знак чиешто его не е на премногу високо ниво. Тие се совршена комбинација на сензуалност и агресивност и имаат посебен начин на однесување. Тие исто така се обидуваат да бидат и доминантни личности.rn
Стрелец
rnСтрелците речиси секогаш се мешаат во работите. Тие ќе започнат како по шега, а потоа ќе станат вистински интерес. Па, бидете внимателни ако се впуштате во љубовна романса со личност родена во овој знак.rn
Јарец
rnЈарците се навистина внимателни и разумни. Тоа не значи дека тие нема да иницираат ништо, туку тоа ќе го направат на таков совршен начин при што подоцна ќе ги пофалите за тоа. Ако почнете да им кажувате некои свои минати искуства, кај нив веднаш ќе се разгори страста за натпреварување, па ќе почнат да прават некои работи со кои ќе сакаат да ве импресионираат.rn
Водолија
rnЛичноста родена во знакот Водолија нема да се впушти во сексуален чин доколку тоа не го смета за сосема коректно. Со ваквите личности заборавете на доминацијата и потчинувањето, но држете се до нив затоа што тие особено за грижат за задоволството на нивниот партнер и секогаш враќаат за направената услуга.rn
Риби
rnРибите се креативни суштества кои кога се во кревет „бојат и надвор од линиите“. Понекогаш тие се едноставни во нивната сензуалност, но во она што е навидум обично, секогаш го вклучуваат и својот талент. Иако не се екстремно авантуристички, овие знаци во зодијакот најдобро се бакнуваат.rnrn