Вашето куче е најлојалниот, најхрабриот и најслаткиот пријател што можете да го имате. Кучињата ги покажуваат нивните емоции на разни начини. Некои од знаците дека кучето ве сака се очигледни, но некои се навистина суптилни. Ако не можете да го протолкувате однесувањето на вашето куче, овие 10 знаци ќе ви помогнат во тоа.rn
1. Ве гледа во очи
rn
rnrnИсто како што и луѓето сакаат да ги гледаат во очи личностите на коишто им се восхитуваат и ги сакаат, тоа го прават и кучињата. Кога кучето ве гледа во очи, во неговиот мозок се лачи окситоцин – хормонот на љубовта. Истиот хормон се лачи во мозокот на мајката кога се поврзува со нејзиното новородено бебе.rn
2. Ви се насмевнува
rn
rnrnНе си замислувате, туку вашето куче навистина може да ви се насмевне. Кога устата на кучето е отворена и опуштена или наликува на насмевка, тоа ја покажува неговата љубов.rn
3. Сака да се гали
rn
rnrnЧесто кучињата ја покажуваат нивната љубов со тоа што постојано сакаат да ги галите. Ја користат секоја можност да ви се доближат или да поминат време со вас.rn
4. Ве проверува кога не сте до него
rn
rnrnВеројатно партнерот би ве проверил доколку сте разделени подолго. Истото се случува и со кучињата. Тие сакаат да бидат во ваше присуство и ќе се обидат да бидат што е можно поблиску до вас.rn
5. Го сака вашиот мирис
rn
rnrnДокажано е дека вашиот мирис го активира центарот за награда во мозокот на кучето. Ова е јасен знак дека вашето куче навистина ве сака.rn
6. Ви ја носи омилената играчка
rn
rnrnСекое милениче си има омилена играчка. Тоа е предмет што го сакаат најмногу и за којшто се однесуваат најпосесивно. Доколку вашето куче ви ја носи неговата омилена играчка, тоа е знак дека имате посебно место во неговото срце.rn
7. Ја мавта опашката додека ве гледа
rn
rnrnМавтањето на опашката е знак дека кучето е среќно и релаксирано. Многу ветеринари тврдат дека ако кучето ја мавта опашката кон десно кога ќе ве види, покажува дека ве сака.rn
8. Спие до вас
rn
rnrnКучето ќе сака да спие со вас само ако се чувствува удобно во ваше друштво. Ако постојано инсистира да спие до вас или во вашата соба, тоа е јасен знак дека ве сака.rn
9. Ве пречекува кога си доаѓате дома
rn
rnrnБез разлика дали сте биле отсутни 10 минути или 10 денови, вашето куче секогаш ве пречекува со ентузијазам. Постојано скока околу вас, ве лиже, а можеби и уринира од радост.rn
10. Ви ги краде чевлите
rn
rnrnКучињата го сакаат мирисот на нивните сопственици, па поради тоа често крадат чевли, чорапи и облека.rn
11. Реагира позитивно на вашиот глас
rn
rnrnКучето повеќе го сака звукот на неговото име кога ќе го слушне од неговиот сопственик. Можете да ги забележите изразите на кучето кои ќе се менуваат секогаш кога ќе му го кажете името. Кучето ќе остави буквално сè само за да дојде кога ќе го викнете.rnrnПогледнете и кога треба да обрнете внимание на однесувањето на вашето куче.