Иако хороскопот им е познат на сите, келтското дрво на астрологијата е нешто што малкумина го знаат. Оваа астрологија била смислена од професионалци со највисок ранг од келтската култура на друидите. Келтското дрво на астрологијата е создадено според поврзаноста помеѓу циклусите на Земјата и друидите и според светото знаење кое го имале дрвјата. Според оваа астрологија, постојат 13 знаци. Пронајдете го вашиот и откријте што кажува за вас.
rn
Бреза (Постигнувачи): 24 декември – 20 јануари
rnНеколкуте недели помеѓу овие датуми речиси и да немаат сончева светлина и се период на темнина. Поради ова, друидите верувале дека децата кои се родени во овој период секогаш се обидуваат да ја најдат светлината во темнината. Овие луѓе се амбициозни и мотивирани. Тие се родени лидери и се навистина отпорни. Луѓето со овој знак лесно ги придобиваат другите бидејќи поседуваат природен шарм.rn
Оскоруша (Мислители): 21 јануари – 17 февруари
rnОвие луѓе имаат визионерски и филозофски ум. Тие се мотивирани и имаат уникатна внатрешна страст. Овие луѓе се навистина оригинални и креативни. Однадвор изгледаат ладно, но нивната енергија брзо се менува ако ситуацијата стане напната. Уникатноста на овие луѓе им овозможува да бидат многу влијателни. Тие секогаш размислуваат надвор од кутијата.rn
Јасен (Маѓепсници): 18 февруари – 17 март
rnЛуѓето родени во овој период се слободни, уметнички настроени и имаат бујна фантазија. Светот на овие луѓе е полн со бои. Сепак, тие многу често може да бидат нерасположени, а единственото нешто што ги инспирира е природата. Се чувствуваат одлично кога се вклучени во духовноста, уметноста, науката и пишувањето. Овие луѓе уживаат да останат во светот кој го измислиле. Може да бидат и реалисти и идеалисти.rn
Бор (Патници): 18 март – 14 април
rnОвие луѓе се страсни. Често имаат голем број поддржувачи и следбеници. Тие се сигурни во себе, шармантни, фокусирани и со нив лесно се разговара. Не сакаат да го трошат нивното време и не поднесуваат бесмислици. Тие се одлични забавувачи, лидери и родители бидејќи се навистина храбри и со натпреварувачки дух.rn
Врба (Набљудувачи): 15 април – 12 мај
rnСпоред друидите, овие луѓе имаат посебна поврзаност со месечината. Тие имаат натприродни способности бидејќи ги разбираат циклусите и сезоните. Тие може да бидат многу добри учители бидејќи секогаш трагаат по нешто ново и сакаат да учат. Ако дозволат, нивните стравови може да им бидат многу голема пречка.rn
Глог (Илузионисти): 13 мај – 9 јуни
rnВнатрешноста и надворешноста на овие луѓе е многу различна. Може да биде навистина тешко да ги прочитате, но тие се многу љубопитни, креативни и страсни. Тие се добри пријатели и одлични слушатели бидејќи речиси никогаш не судат. Лесно ја гледаат големата слика. Можат да бидат многу добри изведувачи.rn
Даб (Стабилизатори): 10 јуни – 7 јули
rnОвие луѓе се грижливи, силни, дарежливи и заштитнички настроени. Тие се оптимисти и веруваат дека на крајот сè ќе си дојде на место. Исто така се одлични учители бидејќи ја сакаат историјата и древното минато. Сакаат структура во нивните животи. Поради ова често се вклучени во заедници и имаат големи семејства.rn
Чинар (Владетели): 8 јули – 4 август
rnСпоред келтската култура овие луѓе се родени лидери. Уживаат во предизвиците и имаат многу голема моќ. Тие можат да ја поминат секоја пречка која ќе се појави пред нив. Тие им се посветуваат на своите цели, навистина се амбициозни и имаат голема самодоверба. Овие луѓе се перфекционисти. Но се чувствуваат удобно и кога ја имаат споредната улога.rn
Топола (Сезнајковци): 5 август – 1 септември
rnОвие луѓе се интелигентни, ефикасни и добро организирани. Имаат неверојатна меморија и помнат речиси сè. Понекогаш може да изгледаат и како луѓе кои знаат сè. Сепак, тие само сакаат да бидат добро информирани. Нивната љубов кон деталите понекогаш може да ги направи опсесивни. Овие луѓе се неверојатни организатори и планери бидејќи сакаат да се занимаваат со аналитика, наука и броеви.rn
Винова лоза (Изедначувачи): 2 септември – 29 септември
rnКарактерот на овие луѓе се менува како сезоните. Тие секогаш ги гледаат двете страни во секоја ситуација бидејќи често се неодлучни и непредвидливи. Не сакаат да одбираат страни, па другите често ги гледаат како емпати. Иако може да имаат лошо расположение, тие знаат да бидат навистина елегантни и шармантни. Тие сакаат уметност, храна, музика и вино.rn
Бршлен (Преживувачи): 30 септември – 27 октомври
rnОвие луѓе се дарежливи, лојални и сочувствителни. Може да бидат харизматични, духовно настроени и нежно да зборуваат. Друидите верувале дека нивниот живот одвреме-навреме може да биде тежок бидејќи се родени за време на „исчезнувањето“ на сонцето. Но тие сепак можат да ги надминат сите пречки многу елегантно.rn
Трска (Инквизитори): 28 октомври – 24 ноември
rnСпоред келтската култура, овие луѓе знаат како да чуваат тајни. Во меѓувреме, сакаат да ја откријат вистината копајќи навистина длабоко. Тие се одлични детективи и новинари бидејќи сакаат заговори, добри приказни, легенди, озборувања и скандали. Нив ги привлекуваат луѓето бидејќи секој човек е мистерија за нив. Тие ги сакаат честа и вистината, но може да бидат навистина љубоморни.rn
Бозел (Трагачи): 25 ноември – 23 декември
rnОвие луѓе трагаат по авантури и имаат слободен дух. Поради ова изгледаат како екстроверти. Сепак тие можат да бидат вистински филозофи, многу да размислуваат и да бидат повлечени. Нивниот интелект ги тера да веруваат дека секогаш се во право. Секогаш го кажуваат она што го мислат, искрени се и сакаат да помагаат.
Ако ве заинтересиравме и сакате да дознаете нешто повеќе за келтскиот хороскоп, продолжете со читање тука!.

