Дали умеете да им дадете доволно поддршка, разбирање и поттик на вашите најблиски и им давате на знаење дека сте секогаш тука за нив? Влијанието кое го остварувате врз другите луѓе, зависи од вашиот хороскопски знак.
rn

rn
Водните знаци (Рак, Скорпија и Риби) се исцелителите во зодијакот, бидејќи се способни да создадат повеќе хармонија и мир во нивното опкружување, отколку што чувствуваат во самите себе. Тие се најчесто претерано сентиментални личности, но имаат навистина голема вештина да направат другите луѓе да се чувствуваат подобро. Тие едноставно знаат кога треба да покажат топлина, љубов и разбирање, а кога треба да се повлечат настрана.
rnЗемјените знаци (Бик, Девица, Јарец) секогаш создаваат чувство на сигурност и безбедност и најчесто се способни да понудат практични решенија во деликатните ситуации или во најмала рака, умеат да си најдат некаква разонода кога се соочени со нерешлив проблем. Земјените знаци се ориентирани кон реалните нешта во животот и поради тоа се многу продуктивни личности, способни да произведат видливи резултати.rnrnВоздушните знаци (Близнаци, Вага и Водолија) се јаки на зборови, но не баш со емоции. Тие преферираат да стојат настрана од емоционалните ситуации и да го анализираат животот, но тоа нивно однесување може да му стане здодевно на нивниот партнер, кога нему му е потребна поддршка и разбирање. Воздушните знаци не дозволуваат емоциите да ги надвладеат. Тие сметаат дека секоја емоција може да биде логички објаснета и разрешена. Не се сигурни во што веруваат, бидејќи нивните желби и гледишта се менуваат, како што се менува времето.rnrnОгнените знаци (Овен, Лав и Стрелец) шират чувство на морал и етика во нивното опкружување, но не се толку сочувствени со другите луѓе. Нивната самоувереност, променливост и страст, можат да имаат различен ефект врз другите луѓе. Тие се духовно дарежливи личности, кои сакаат да остваруваат влијание врз другите. Огнените знаци се создавачите на енергија во зодијакот, кои сакаат да им помогнат да луѓето околу нив целосно да го искористат нивниот потенцијал.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
