КАФЕ ПАУЗА

Астрологијата и вашата улога во семејните драми

Астрологијата и вашата улога во семејните драми

Каква е вашата реакција кога настануваат некакви проблеми и кавги во вашето семејство? Улогата која ја имате во фамилијарните драми, во голем дел е условена од карактеристиките кои ги има вашиот хороскопски знак. Прочитајте кои се вашите типични реакции во напнатите фамилијарни ситуации.rnrnАстрологијата и вашата улога во семејните драмиrnrn

Овен

rnАко некој член на семејството е третиран неправедно од страна на останатите, овенот веднаш ќе почне да го брани и заштитува. Гневот и лутината на овој хороскопски знак никогаш не трае долго, така што после кратко време, тој ќе ги смири сите инволвирани во кавгата.rnrn

Бик

rnОвој знак обично влева чувство на безбедност кога започнува да владее хаос во домот. Но, биковите сепак стануваат претерано осетливи ако ситуацијата постане премногу хистерична, бидејќи тие не ја гледаат поентата во бурното емотивно реагирање.rnrn

Близнаци

rnОвој знак не сака емотивни ситуации, поради што ќе настојува да ги освежи „вжештените глави“ на семејните членови преку добра комуникација, која ќе овозможи сите да почнат повторно да размислуваат и да се однесуваат нормално.rnrn

Рак

rnОвој знак ќе направи сè што е во неговата моќ за да ја врати слогата и единството во семејството. Тој ќе ги понуди членовите на семејството со разни закуски, за да се увери дека сите ќе бидат добро најадени пред да почнат да навлегуваат во „тешки дискусии“.rnrn

Лав

rnЛавот е забавувач и ќе се обиде да направи сите да се насмеат дури и во тензичните ситуации. Тие се вознемируваат само кога сметаат дека некој ги игнорира, а во тие ситуации не очекувајте некакво сочувство или разбирање од страна на лав.rnrn

Девица

rnВо напнатите фамилијарни ситуации девицата нервозно трчка наоколу нудејќи им на сите практични решенија и помош. Таа умее да ги разреши комплицираните ситуации благодарение на нејзиниот аналитички ум.rnrnАстрологијата и вашата улога во семејните драмиrnrn

Вага

rnВагата сака хармонична атмосфера, така што ќе се обиде да направи сè што е во нејзина моќ, за да ја „смири топката“. Вагите имаат исклучителна способност за внимателно слушање и можат навистина да разберат што другите сакаат.rnrn

Скорпија

rnКога станува збор за драматичните ситуации во семејниот дом, скорпијата ја игра улогата на заштитник, кој ги брани и им дава поддршка на оние членови од семејството, кои се најмногу нападнати и емотивно повредени во конфликтот.rnrn

Стрелец

rnСтрелците ги гледаат нештата од поширока перспектива, благодарение на што се полни со разбирање за своето семејство и не се вознемируваат поради некоја за нив – ситна кавга. rnrn

Јарец

rnОвој знак стои цврсто на земја и умее да си ги контролира емоциите. Јарците се спремни да дадат одговор на секое прашање и може да се каже дека тие најдобро можат да ја смират тензичната ситуација и да помогнат да се реши конфликтот.rnrn

Водолија

rnВодолиите се одлични медијатори кои не ризикуваат да се вовлекуваат себеси во заземање страни. Тие преферираат да се држат настрана од семејните кавги и само ќе потенцираат дека сите треба да бидат потолерантни додека разговараат.rnrn

Риби

rnПрипадниците на овој хороскопски знак се несекојдневни луѓе, кои навистина умеат длабоко да сочувствуваат со емоциите на другите луѓе и е одлично да ги имате во вашата близина. Но, рибите понекогаш се затвораат и се изолираат во нивниот свет, бидејќи се плашат од напнати драматични ситуации.rnrn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.