Апарат за кафе во вашиот автомобил

Сподели

Се чувствувате ненаспано и мамурно додека возите? Не ризикувајте да заспиете на воланот бидејќи сега постои „Handpresso“. Овој компактен апарат за кафе можете да го носите со себе и да си приготвувате кафе кога и да посакате додека се возите со автомобилот.Користењето на апаратот е многу едноставно. Само приклучете го кабелот во вградената запалка во вашата кола, додадете вода, поставете ја кесичката со еспресо на врвот, затворете го капачето и притиснете го копчето. Почекајте две минути и вашето еспресо ќе биде готово.Производителите на „Handpresso“ препорачуваат да не го приготвувате кафето истовремено, додека возите. Најдобро е да скршнете од патот, така што би избегнале какво било изложување на опасност, а потоа и да се опуштите и да уживате во своето кафе.rn

Реклама


rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира