И покрај тоа што е исклучително важно да им бидете од помош на луѓето кои ви значат во животот, сепак понекогаш можете да се почувствувате како тие да ја искористуваат вашата дарежливост и љубезност. Дали во вашето опкружување има луѓе на кои постојано им треба нешто, а не прават ни најмал напор да си помогнат сами на себе? Научете како да го искористите вашиот хороскопски знак и да не му дозволувате на никој да ја узурпира вашата енергија.rnrn
rn
Овен
rnОвенот најмалку од сите хороскопски знаци има тенденција да подлегне на искористување на неговата енергија од страна на други луѓе. Одвреме-навреме тој е во искушение да изигрува херој, спасувајќи некоја личност која глуми дека е жртва, но сепак поверојатно е дека ќе ја охрабри сама да си помогне на себе.rn
Бик
rnКако еден од најприземните знаци во Зодијакот, Бикот е „магнет“ за луѓе кои вечно се во некаква криза. Тој може да ја минимизира ваквата појава, на начин што ќе им помага на другите луѓе да научат како да си создадат баланс и стабилност во животот, наместо да ја бараат и очекуваат од него.rn
Близнаци
rnПретставниците на овој знак имаат тенденција да привлекуваат кон себе луѓе кои многу дрдорат или озборуваат, што може да ја исцица нивната енергија и да го потроши нивното време. За да го сопре ова, Близнакот треба да има чувство кога и како да прекине некој разговор и да постави граници на времето кое им го дава на другите луѓе.rn
Рак
rnКако најгрижлив знак во зодијакот, Ракот привлекува кон себе луѓе кои сакаат да го искористат вниманието и грижата кои тој им ги нуди. Раковите мораат прво да научат да се грижат за себеси и да ставаат акцент на нивните потреби, па дури потоа да им ја понудат својата поддршка на другите луѓе.rn
Лав
rnСо својот оптимистичен карактер, Лавот честопати привлекува луѓе кои имаат тенденција да бидат нерасположени и депресивни. Лавот е весела личност која нема проблем да ги разведрува луѓето околу себе, но во оној момент кога ќе почувствува дека тие му ја „цицаат“ енергијата, тој треба да се оттргне од нив и да помине малку време сам или со луѓе кои се забавни.rn
Девица
rnДевицата обожава да им биде од помош на другите, но таа има тенденција премногу да дава од својата енергија, па луѓето откако ќе ја научат каква е, почнуваат да ја третираат како черга за бришење чевли. Претставниците на овој знак мораат да научат да бараат услуга назад од оние на кои тие им помагаат и да престанат да се грижат за луѓе кои само ја злоупотребуваат нивната широкоградост.rn
Вага
rnСо нивната тенденција да ги задоволуваат луѓето околу себе, Вагите можат да ги привлечат кон себе оние кои имаат агресивно однесување. Доколку научат како да кажуваат „не“ на луѓето кои константно очекуваат нешто да добијат од нив, паралелно ќе научат да уживаат и да бидат задоволни.rn
Скорпија
rnСкорпиите имате дарба да им помагаат на луѓето кога се наоѓаат во тежок период од својот живот. Но, кога станува збор за луѓе кои не можат да ја подобрат својата состојба, без разлика колку емоционална поддршка и да им даваат, Скорпиите треба да престанат да ја трошат нивната енергија и да се обидат да ги упатат кон професионалец.rn
Стрелец
rnНивниот слободоумен дух е вешт во избегнувањето на луѓе на кои им е потребно постојано помош. Сепак, Стрелците лесно можат да паднат во замка од луѓе кои чувствуваат потреба од нивниот адреналин и зависат од нивниот авантуристички карактер. За да не се чувствуваат искористено, Стрелците треба да ги предизвикуваат другите луѓе да смислуваат идеи за некои интересни активности, кои ќе можат да ги извршуваат заедно.rn
Јарец
rnЈарците се уморни од тоа секогаш да чувствуваат одговорност. Поради тоа, тие мораат да постават граници со оние луѓе, кои зависат од нив за финансиска и морална поддршка. Сепак, Јарците не се банкомат полн со пари, иако понекогаш другите се однесуваат со нив како да се.rn
Водолија
rnВо нивната природа е да чувствуваат потреба да помагаат за да го направат светот подобро место за сите, но се осетливи на луѓе кои чекаат на нивните хумани дела. Претставниците на овој знак треба да останат онакви какви што сте, но мораат да научат да се пазат од оние кои бараат премногу.rn
Риби
rnНивната чувствителност кога станува збор за страдање, ги тера постојано да се обидуваат да ги ослободат останатите од таква судбина. Рибите треба да се заштитат себеси преку почести прошетки во природа, особено во близина на вода, за да го ослободат емоционалниот товар кој го апсорбираат од другите луѓе.
