Астрологијата и бојата на коса: Кои нијанси најдобро му прилегаат на вашиот хороскопски знак?

Сподели

Сите ние сме посакале да ја бојадисаме нашата коса. Откако ќе се одлучиме да го направиме тој чекор, започнува уште поголема дилема: Дали да ја бојадисате руса? Или пак во некоја луда боја? Можеби во некој есенски тренд? Или пак, едноставно да ја оставите таква како што е? Знаме, опциите се многубројни, изборот е тежок и не е лесно да се донесе одлука. Можеби кога се решивте да ја промените вашата фризура одговорот го побаравте во астрологијата, па зошто тогаш не се послужите уште еднаш со него со цел да дознаете која нијанса најмногу му одговара на вашиот хорослопски знак.

Реклама

rn

Жена Овен

rnМалку ладна по природа, одлучна и полна со самодоверба, жената Овен избира едноставни кафеави нијанси кои се прелеваат на сонцето, како на пример, црвена коса во комбинација со боб фризура или пак, практични руси нијанси прошарени со прамени.rn

Жена Бик

rnСилни, храбри и бестрашни. На жените кои се родени во знакот Бик најдобро им прилегаат сите нијанси на црвена боја, како и кафеава, црна и руса боја со црвеникав отсјај.rn

Жена Близнак

rnМладоликите и весели жени Близнаци сакаат прамени во боја на ванила и светли нијанси на кафеава боја кои секогаш го прават лицето помладо и поведро.

rn

Жена Рак

rnЖените во овој знак сакаат руса и светло кафеава боја која им прилега на нивниот грижлив и топол нарав. Честопати со децении ја носат истата боја на коса.rn

Жена Лав

rnНема Лавица на која косата не ѝ значи многу. Овие топли и симпатични жени сакаат да бидат во центарот на вниманието, а најчесто избираат кафеава боја со топли руси прамени околу лицето.rn

Жена Девица

rnДевиците сакаат да го имаат секој детаљ под контрола, а тука се вбројува и нивната коса. На нив им е жал да потрошат пари на фризер и скапи прамени, додека главната цел им е косата да им изгледа природно, ненападно и уредно. Руси прамени, како и кафеавите нијанси се нивниот најчест избор.

rn

Жена Вага

rnНа опуштените, друштвени и смирени Ваги убаво им прилега нежна руса коса, со пепелав отсјај или чоколадно кафеава коса, која секогаш изгледа негувано.rn

Жена Скорпија

rnЗаводливите и мистични жени во овој знак секогаш изгледаат женствено и секси. Ги сакаат проверените кафеави и црни нијанси кои најдобро го истакнуваат нивното лице, без преголеми експериментирања.rn

Жена Стрелец

rnАвантуристички настроени и секогаш оптимистични, овие жени сакаат да патуваат и да испробуваат нови работи, а нивната коса честопати е во ведри, светли нијанси. Ја сакаат русата боја, а супер им прилега и црвената и портокаловата.

rn

Жена Јарец

rnЖените родени во овој знак се сериозни, амбициозни и работливи, и сакаат нивната коса да изгледа скапо и луксузно. Богати кафеави нијанси, односно убави руси прамени се идеални за овие жени.rn

Жена Водолија

rnВодолијата на себе може да си дозволи различни луди и храбри фризури, но и бои. Косата во две нијанси за нив не е ништо необично, па често ја комбинираат виолетовата, сината или зелена боја. Ако се одлучат да се држат до класината руса, кафеава или црна боја, сигурно монотонијата ќе ја „скршат“ со некоја кул фризура.rn

Жена Риба

rnРибите се креативни, мистични и мечтателни, па одлично им прилегаат бои кои ја нагласуваат внатрешна природа. Нежни руси нијанси, пепелави прамени, нежно портокалова и црвена боја, како и светло кафеавата, одлично им прилегаат на овие дами.

Популарно

Може ќе ве интересира