КАФЕ ПАУЗА

7 големи промени што ќе се случат со влегувањето на Уран во Бик

7 големи промени што ќе се случат со влегувањето на Уран во Бик

Овој месец ќе настане голема промена која почнува на 15-ти мај. Додека Уран беше во Овен, луѓето се чувствуваа охрабрено да истапат напред и да преземат контрола над нивните животи. Но наскоро вашата идеја за стабилност може да се промени. Овој период кој започнува наредната недела ќе трае сè до 2026-та година. Погледнете кои се промените што можете да ги очекувате.rnrn7 големи промени што ќе се случат со влегувањето на Уран во Бикrn

1. Земјата ќе биде нестабилна

rnВулканот Килауеа на Хаваите веќе неколку денови еруптира и предизвикува голема штета. Покрај ерупцијата, има и многу земјотреси. Бикот, кој е знакот на стабилноста е предизвикан од Уран чија енергија е движење и промена. Наредните неколку години можеме да очекуваме поголема активност околу светот. Природата се буди и ни испраќа порака, а ние треба да ја слушаме.rn

2. Лично будење

rnПовеќето луѓе навистина не знаат кои се и нивното внимание е далеку од нив самите. Генерално, населението воопшто не е поврзано со себе. Уран ќе ги промени мислењата кои ги имате за вас и ќе ве ослободи од нив. Ова ќе биде како нов почеток за многу луѓе кои ќе почнат да ја гледаат нивната вистинска природа, цел и место.rn

3. Потешко соочување и прифаќање промени

rnЕнергиите на Бикот и Уран се спротивни. Бикот ја сака стабилноста, додека Уран ги сака промената и растењето. Следниов месец, па и следните неколку години, вашите мисли за стабилност и безбедност ќе се променат. Она што некогаш сте го сметале за безбедно, може повеќе да не го гледате како такво. Време е да се ослободите од некои нешта и да прифатите нов поглед кон светот.rn

4. Промена на врската со парите и нештата

rnОпштеството се движи подалеку од приватната сопственост. Нашите идеи за она што е наше, а што не е ќе почнат да се менуваат. Ако сте мислеле дека е лошо да му ја издадете собата на некого додека сте на одмор, можно е да го промените мислењето.rn

5. Промена на валутите

rnПоследниот пат кога Уран бил во Бик, дошол крајот на Големата депресија во Америка. Следната криза е можеби зад аголот, а банкарските структури кои долго владеат можеби конечно ќе доживеат револуција.rn

6. Големите бизниси можно е да се соочат со пречки

rnЕрата на мажите лидери веќе привршува. Со движењата како #metoo, метафоричката кастрација на бизнисите станува реалност. Помладата генерација го презема водството и долгите позиции на моќ можно е да се изгубат.rn

7. Промена на мислењата за врските и љубовта

rnМоделите со коишто сме израснати повеќе не функционираат и се движат кон отворени врски. Отворената врска не мора да значи полигамија, но и тоа е возможно. Отвореноста се однесува на споделување без тајни. Сите ќе бидеме послободни да го кажеме она што го мислиме. Штитовите кои сме ги поставувале конечно ќе се спуштат и ќе се чувствуваме послободно и побезбедно со другите.rn

Ерата на стабилност и слобода

rnСлободата на изразувањето, слободата на материјалното поседување и слободата на парите ќе имаат големо влијание врз нашите животи. Најдобриот начин да ја преживеете оваа промена е да се отворите кон неа и да ја прифатите. Отпорот ќе биде природен, но ќе заврши само со фрустрација.rnrnПрочитајте го и вашиот кинески хороскоп за месец мај.