КАФЕ ПАУЗА

6-те хороскопски знаци што најмногу ќе ги почувствуваат астролошките промени од 5-ти март

6-те хороскопски знаци што најмногу ќе ги почувствуваат астролошките промени од 5-ти март

Овој март го очекуваме ретроградниот Меркур. Од 5-ти до 28-ми март, оваа појава ќе предизвика големи промени. Промените ќе бидат и добри и лоши, а овие 6 хороскопски знаци ќе ги почувствуваат најмногу.rnrn6-те хороскопски знаци што најмногу ќе ги почувствуваат астролошките промени од 5-ти мартrn

1. Близнаци

rnВашата владејачка планета е Меркур и најголемо влијание ќе има врз вашата комуникација. Иако отсекогаш сте имале неверојатни комуникациски вештини, овој пат Меркур ќе ви ја намали способноста. Додека зборувате можно е да заборавате некои работи и да чувствувате како да ви се врзал јазикот. Но сепак, обидете се да зборувате јасно со цел да го намалите негативното влијание на Меркур.rn

2. Рак

rnИако се верува дека вие сте тивки набљудувачи, ова ретроградно движење нема да ви дозволи да молчите. Овој период можете да бидете навистина емоционални и темпераментни. Може да ве изнервираат сосема безначајни работи, без никаква причина. Најдобро е да бидете трпеливи и да размислите пред да кажете нешто.rn

3. Лав

rnИако отсекогаш сте биле најшармантната личност во просторијата, овој март можно е нештата да бидат поразлични. На социјалните настани ќе бидете речиси целосно незаинтересирани.rn

4. Девица

rnМожно е да бидете збунети за повеќето работи во животот. Немојте премногу да размислувате и само дозволете му на овој период да помине. Занемарете ја вашата збунетост и бидете трпеливи, иако чувствувате напнатост за незначајни работи.rn

5. Вага

rnВие сте експерти кога станува збор за криењето на чувствата од другите. Но овој период, на површина ќе излезат вашите реални чувства. Најдобро е да останете прибрани за да не ги повредите саканите со вашите зборови.rn

6. Водолија

rnОвој период можно е да се соочите со непотребна фрустрација. Обидете се да ги гледате нештата од друга перспектива. Позитивноста ќе ви помогне да сфатите дека нештата и не се толку лоши колку што ви изгледаат.rnrnПрочитајте го и вашиот љубовен хороскоп за месец март.