Од нивните фантазии за сексот и техники за постигнување оргазам би можеле да се засрамат и авторот на книгата, но и целата екипа од филмот „50 нијанси сиво“. Откриваме кои пет хороскопски знаци, кога е сексот во прашање, попрво би се одлучиле да се фатат за лисици, камшик и слични играчки, отколку за нежни прегратки и бакнежи.rnrn
rn
Овен
rnДевојките во овој знак ги возбудува натпреварувањето и динамиката, како надвор така и во креветот. Кога сексот ќе им стане здодевен, ќе направат сè за малку да го „зачинат“. Ќе сакаат да пробаат нешто од нивните скриени фантазии или да внесат нешто сосема ново, бидејќи тоа за нив е постојан предизвик, а згора на сè, тие во креветот сакаат да се главни и да го имаат последниот збор.rn
Девица
rnТаа е уште една жена која сака да владее во спалната соба. Девицата секогаш ќе ја израдувате ако нежно ја грицкате на чувствителните места на нејзиното тело. Некоја нова играчка од секс-шоп или малку понежно „плескање“, целосно ќе ја полуди. А, ако ја здобиете нејзината доверба, таа ќе ви дозволи повеќе да експериментирате и ќе ви се придружи во играта..rnrn
rn
Скорпија
rnСексот со Скорпија може да се спореди со одење по работ на некој облакодер. Никогаш не сте начисто што може да ви се случи. Во еден момент сака бескрајна нежност, а во друг груба страст која ги преминува вашите граници. Врелата Скорпија е подготвена на сè, така што со неа можете да експериментирате колку сакате, а исто така и да ги реализирате вашите тајни фантазии.rn
Стрелец
rnЖените во овој знак можат да бидат многу остри и „валкани“ за време на сексот. Можеби не секогаш сè ќе им се допадне, но имаат желба барем да се обидат. Многу љубопитни и за нив вистински предизвик се игрите на улоги во креветот. На врвот на листата на желби им е жестокиот секс, а според тоа сигурно погодувате дека се еден од знаците на кои дефинитивно би му се допаднале камшикот и лисиците.rnrn
rn
Јарец
rnМногу ги привлекуваат секси игрите кои се малку груби. Сакаат силна предигра каква што мислат дека заслужуваат, малку повеќе зачинета со грубости додека потполно не се опуштат. Доколку сакате целосно да се впуштат, ќе ги придобиете ако на уво им шепотите валкани работи. Не ги чувајте вашите „интересни“ идеи кои ви се мотаат во глава само за себе, жените Јарци обожуваат кога овие работи ги споделувате со нив.rnrnПрочитајте и што прави секој хороскопски знак по сексот.