Јакната е парче облека кое е потребно во повеќето годишни времиња. Речиси секој има повеќе јакни во својот плакар: Потенка за пролетните и есенските денови, модерна, дебела зимска, елегантна и слично. Но, дали сте помислувале некогаш во својот плакар да внесете јакна од „човечко месо“?rnrn
rnrnВсушност, станува збор за вештачко човечко месо, затоа што пред сѐ тоа би било нелегално, но оваа јакна изгледа доволно реално за сепак да биде ужасна и да ве вознемири. Имено, таа е направена од рачно шиен латекс и силикон, а доколку сакате да ја имате врз себе, треба да одвоите 1.200 долари!rnrn
rnrnТаа е опишана како неверојатна јакна која со сигурност ќе ве одвои од толпата и ќе ве направи поразлични од другите. Но, не само тоа, туку сигурно доколку излезете облечени со неа, вие ќе се соочите со многу чудни погледи. За целата ситуација уште повеќе да вознемирува, Кајла Арена објаснува дека создавањето на јакната е инспирација од серискиот убиец Ед Геинс кој околу неговата куќа правел објекти со остатоците од неговите жртви.rnrn
rnrnПокрај јакната од „човечка кожа“, Кајла во својата колекција ја додава и оваа бизарна чанта.rnrn
rnrnА исто така и овие чизми.rnrn
rnrnШто мислите вие за јакната и додатоците? Би ги носеле ли на себе?
Јакна од „човечко месо“: Би ја носеле ли на себе?
