Не велиме дека е невозможно да се има љубовна врска со овие знаци, баш напротив, некои од нив се можеби и најдобрите партнери во зодијакот, но кога станува збор за уживање во времето со себе, во независноста и општо, во сите позитивни страни на сингл животот – тие навистина знаат како да бидат среќни и да го искористат овој период во целост! Погледнете за кои знаци станува збор…rnrn
rn
1. Близнаци
rnБлизнаците се многу посреќни кога се сингл, отколку кога се во врска и сите што ги познаваат лесно можат да го забележат тоа. Не дека тие не уживаат во врските, но најчесто преферираат да се слободни. За нив, најдобрите врски се забавни и безгрижни, без ограничувања и обврски. Да, точно е дека само Близнаците размислуваат на овој начин. Но, тие премногу уживаат во времето поминато со себе и ретко кој може да им го смени мислењето.rn
2. Девица
rnДевиците се премногу пребирливи кога станува збор за врските. Го знаете она чувство кога сакате да нацртате нешто што живописно сте си го замислиле, но колку и да се обидувате, едноставно не можете да го пренесете во целост? Токму такви се овие знаци кога се обидуваат да изберат партнер. Затоа и попрво би биле сингл отколку да се задоволат со партнер кој не е обликуван според сите нивни (нереални) стандарди.rn
3. Стрелец
rnНа Стрелците не им пречи да се во врска сè додека тие ги носат важните одлуки. Тоа не значи дека сакаат да контролираат, туку ако сфатат дека нештата стануваат пресериозни, да можат побрзо да излезат од врската. Со оглед на тоа што Стрелците не се емоционално подготвени за сериозна врска, тие се најсреќни кога се сингл и кога уживаат со себе.rn
4. Водолија
rnВодолиите се многу посреќни кога се сингл затоа што се неверојатно независни личности. Да, тие одлично „играат“ со другите и би сакале да бидат во врска кога ќе ја најдат вистинската личност, но исто така обожаваат и да уживаат во целост во својата слобода. Водолиите не тежнеат кон интимност и близина како другите знаци, па ако им е потребна блиска личност, можат да ја најдат потребната поддршка и од пријателите, семејството…rnrnВашиот хороскопски знак открива и зошто сè уште сте сингл!