КАФЕ ПАУЗА

4 хороскопски знаци што ќе бидат имуни на непредвидливата сина месечина во Скорпија

4 хороскопски знаци што ќе бидат имуни на непредвидливата сина месечина во Скорпија

Во наредните денови нè чека нестабилната и ризична енергија на сината месечина, која ќе се појави на небото на 31 октомври во знакот на Скорпија. Ова е вистинско време да ги преиспитате финансиските проблеми и вашиот љубовен живот. Интензитетот на Сонцето ќе ви даде мотивација да се обидете да се фокусирате на вашите цели. Сепак, бидете внимателни за време на енергијата на сината месечина бидејќи во исто време е активен и темниот Уран, што носи непредвидливи промени. Сепак, овие 4 хороскопски знаци ќе бидат имуни на непредвидливите настани. Дали сте еден од нив?rnrn4 хороскопски знаци што ќе бидат имуни на непредвидливата сина месечина во Скорпијаrn

Овен

rnВие сте огнен и брз знак на Зодијакот, а сината месечина ќе активира во вас одредени карактеристики на Бикот. Ќе ве натера да направите пауза и да пронајдете можност за приземјување и за пореален поглед на вашиот живот.rnrnВие сте амбициозни и често сакате да постигнете повеќе, и покрај сите околности. Искористете го овој месечев настан како инспирација за да го преуредите вашиот живот. Фокусирајте се на она што го имате и на тоа како можете да го искористите за да ги постигнете вашите сопствени цели.rn

Близнаци

rnВо последно време се чувствувавте уморни и безволни, што може да биде резултат на енергијата на ретроградниот Меркур. Фантазиравте, бевте заробени во илузија, но сега треба да ја обновите својата енергија.rnrnНаправете пауза, посветете им се на своите мисли и видете ја поголемата слика за настаните што се дел од вашиот живот. Размислете кои чекори ве делат од самореализација.rn

Вага

rnДоаѓаат многу промени во вашиот живот, а најдоброто нешто што можете да го направите е да прифатите сè што ќе ви се најде на патот. Сината месечина носи голема трансформација што ќе направи да се чувствувате многу чудно на почетокот.rnrnСега е совршено време да прифатите сè што е ново. Иако можеби на почетокот нема да ви донесе добри чувства, наскоро ќе сфатите дека ова е најдоброто нешто што универзумот може да ви го понуди сега.rn

Стрелец

rnСината месечина ви дава шанса да се ослободите од негативната енергија и токму тоа треба да го направите овие денови. Време е да ставите крај на сите токсични врски. Посветете се на вашето внатрешно битие, прочистете го од негативности и отворете го срцето за нови убави работи.rnrnПрочитајте дали сте меѓу оние хороскопски знаци на кои ретроградниот Меркур нема да им донесе проблеми.