Иако астрологијата не може совршено да предвиди кога ќе се сретнете со личноста од вашите соништа, според моменталните астролошки анализи, овие три хороскопски знаци имаат зголемена шанса да пронајдат вистинска љубов до крајот на оваа година. Па, ако сте сингл и сте родени во еден од овие знаци, подгответе се да бидете освоени од совршената личност за вас!rnrn
rn
1. Овен
rnКога ќе заврши периодот на ретрограда за Венера, на 16 ноември, вашата седма куќа на врските ќе засвети во полн сјај. Ако сте сингл, постојат големи шанси универзумот да ви помогне да ја пронајдете личноста што во целост ќе ве разбира. Но, имајте на ум дека ако се менувате за да ја импресионирате погрешната личност, може да ја пропуштите вистинската. Мора да бидете оние кои навистина сте за тој или таа да ве забележи. По 2 декември, без разлика на тоа што се случува во вашиот живот, ќе бидете во контакт со својата сензуална страна и ќе ги привлекувате сите што ќе ги запознавате.rn
2. Скорпија
rnБидејќи Венера ќе ја мине првата половина од своето ретроградно движење во вашиот знак, ова ќе биде одлично време за вашиот љубовен живот. По 2 декември очекувајте одличен крај на есента за вас, бидејќи нештата навистина ќе се разгорат меѓу вас и личноста што ви се допаѓа. Ќе зрачите со позитивна енергија и ќе привлекувате љубов кон себе, и верувајте, токму тој или таа што треба ова да го забележи – ќе го забележи! Немојте да се изненадите и ако почнете да добивате многу други покани за љубовни состаноци, и внимавајте ова внимание да не ви „удри во глава“, бидејќи може да ја пропуштите совршената личност за вас.rn
3. Вага
rnКога станува збор за љубовта, ве очекува одличен период после 16 ноември. Ова ќе биде и период на големи промени за вас. Ќе ги подобрите самодовербата, харизмата и привлечноста. Тоа ќе ви помогне да се искачите на сосема ново ниво од каде што ќе ги привлекувате сите околу себе. Не само што ќе бидете најатрактивната личност во секоја просторија, туку и ќе имате многу мудрост што ќе ве води низ најдобриот пат во текот на овој романтичен период. Ако сте сингл, очекувајте многу запознавања, а ако сте во лоша врска – ова е одличното време да ставите крај и да почнете нешто ново.rnrnНе се пронајдовте на оваа листа? Дознајте што ве очекува и вас во љубовта до крајот на 2018-та година.