Во фотографиите од веридба, повеќето парови се преправаат дека се фотомодели или глумци во некој романтичен филм. Резултатот од таквата глума се најчесто неоригинални, клише фотографии.
Juliana Sunmi Park и Benjamin Jinsuk Lee ја однеле фотосесијата од нивната веридба, на едно сосема поинакво ниво. Наместо да се трудат да бидат слатки и романтични, тие решиле да бидат креативни, вклучувајќи во фотографиите напад врз нив од страна на едно морничаво зомби. 🙂
Фотографката Amanda Rynda, која ја направила оваа фотосесија вели:rn.rn
„Ова беше идеја на Бен! Тој сакаше да се осигури дека неговата мажественост нема да биде изгубена за време на фотосесијата. Сценографијата ја смисли Juliana, јас ја реализирав и ги направив и обработив фотографиите. За мене тоа беше еден креативен и исполнет ден, благодарение на Juliana и Ben и нивниот уникатен поглед кон љубовта.“
rn








Идејата е навистина кул, оригинална и го отсликува младешкиот дух на идниот брачен пар, на кој сигурно ќе се гордеат кога ќе имаат по 70 години.

rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
