Дечињата имаат бујна фантазија благодарение на која постојано создаваат фантастични универзуми од најобични секојдневни предмети. Така, стапчето станува меч, железните огради стануваат автопати, а фалтите од облеката од нивните родители се користат за да се создадат планини, ридови или бранови на бурно море.rnrn
rnrnБританскиот фотограф Џозеф Форд, со помош од уметничката режисерка Стефани Бјусре и стилистите Марио Фаундес и Алмут Вогел, креирале фантастична модна фотосерија инспирирана од детската имагинација, соединувајќи одбрани парчиња облека, со пејзажни фотографии направени од птичја перспектива.rnrn
rnrnИ покрај тоа што пејзажните фотографии направени од вешти пилоти биле доста предизвикувачки, сепак фотографиите од облеката направени во студио, му одземале многу повеќе време на Форд, а за некои му биле потребни дури 12 часа работа.rnrn
rnrnФотографиите од пејзажите се направени на разни локации во Сицилија, Мароко, Сардинија и Маврициус.rnrn
Фотосеријата е наградена од страна на британската Асоцијација за награди за фотографи и од страна на Интернационалните награди за фотографија.rn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
