КАФЕ ПАУЗА

„E.T. си оди дома“: 10 вистини за вонземјанинот кој ни го обележа детството

„И-Ти си оди дома“: 10 вистини за вонземјанинот кои ни го обележа детството

Written by

in

,

На 18.12. 2019 година Стивен Спилберг го прослави својот 72 роденден, а во негова чест се потсетуваме на еден од неговите најдраги филмови „E.T.“, филм на кој плачевме и кој нè научи на пријателство и толеранција.rnrn„И-Ти си оди дома“: 10 вистини за вонземјанинот кои ни го обележа детствотоrn

1. „E.T.“ настанал поради разводот на родителите на Спилберг

rnИнспирацијата за филмот „E.T.“ се појавила кај Стивен Спилберг кога тој имал 15 години. Првичната идеја е наречена „Растење“, и го опфаќа чувството на изолираност што режисерот го чувствувал како Евреин во Аризона откако неговите родители се развеле.rnrnТоа чувство на изолираност подоцна му припаднало на симпатичниот вонземјанин, кога Спилберг ја запознал Мелиса Матисон, која го напишала сценариото за филмот.rnrn„И-Ти си оди дома“: 10 вистини за вонземјанинот кои ни го обележа детствотоrn

2. Дру Баримор ја добила улогата затоа што излажала

rnДру Баримор стана ѕвезда благодарение на филмот, а ја добила улогата на Герти благодарение на нејзините измислици.rnrnШестгодишното девојче, наводно, го излажало Спилберг на аудицијата дека не е актерка, туку тапанар на панк бенд наречен „Purple People Eaters“ кој ги полнел стадионите секоја вечер. Спилберг во лагата ја увидел живописната фантазија на девојчето и веднаш одлучил да ѝ ја додели улогата.rnrn„И-Ти си оди дома“: 10 вистини за вонземјанинот кои ни го обележа детствотоrn

3. Главната улога била доделена заради солзи

rnНа Спилберг му било најтешко да избере актер за најважната детска улога во филмот – онаа на пријателот на E.T., Елиот. По препорака на колегите од фелата, на аудицијата се појавил Хенри Томас, кој веќе имал сериозно актерско искуство.rnrnНо, наместо да го прочита сценариото, на Хенри му било речено дека мора да импровизира сцена со владин агент кој се обидува да го киднапира неговиот вонземски пријател. Оваа срцепарателна сцена ја има и на Јутјуб, а Томас едвај успева да ги задржи солзите.rnrn„И-Ти си оди дома“: 10 вистини за вонземјанинот кои ни го обележа детствотоrn

4. Креаторите на ликот на „E.T.“ биле инспирирани од слики и фотографии

rnСпилберг ангажирал експерт за визуелни ефекти, Карл Рамбалди, кој работел на „Вонземјанин“ и „Блиски врски од трет вид“, за да создаде симпатичен вонземјанин со кој многу луѓе се соживуваат.rnrnНеговата прва инспирација била сликата „Жените од Делта“ од Академијата за ликовни уметности во Болоња, како и фотографии од луѓе кои живееле за време на Големата депресија.  Суштеството требало да има кратки нозе, долг врат и големи очи. Рамбалди го измоделирал E.T. од глина и веднаш го воодушевил режисерот.rn

5. Дру Баримор мислела дека глуми со вистински вонземјанин

rnСпилберг сакал E.T. да изгледа колку што е можно пореално, па во неговиот костим се смениле дури тројца актери. Но, направена е и аниматронична кукла со комплициран систем за управување кој им создавал проблеми на луѓето зад камерата.rnrnКако врв на тоа, Спилберг барал од актерите да се однесуваат кон куклата како кон живо суштество, а Дру Баримор ја убедил дека глуми со вистински вонземјанин. Во сцената кога E.T. умира, Дру покажува вистински емоции затоа што навистина верува дека му дошол крајот.rnrnПродолжете да читате на следната страница…rnrn