КАФЕ ПАУЗА

5 причини зошто треба да почнете да трчате уште вечерва

Дали и вие сте дел од големиот број луѓе кои чувствуваат дека треба да почнат со одредена физичка активност, но тоа секој ден го одложуваат за наредниот? Ние ви го препорачуваме трчањето како одлична физичка активност, којашто можете да почнете да ја практикувате уште денеска. Единствено што треба да направите е да облечете удобни патеки и да излезете надвор. Чувството е неверојатно, а придобивките секој ден сè повеќе ќе се зголемуваат.rnrn(1) Пет причини зошто треба да почнете да трчате уште денескаrnrnИсфрлете ги овие неколку мисли од вашата глава и трчајте заради ваше лично задоволство и подобрување на физичката состојба:rn

Трчање за одлична форма

rnНе, не треба да бидете брзата птица итрица, но секако е пожелно вашето тело и ум да ги подигнете на повисоко ниво.rn

Не сум доволно фит

rnДоколку не можете веднаш да истрчате 5 километри, не значи дека не би требало да трчате воопшто. Обидете се на почетокот со прошетка и трчање. Три минути пешачете, една минута трчајте. Како што ќе напредувате, намалувајте го времето на брзото одење и зголемете ги минутите на трчање. Ќе се изненадите колку оваа метода ќе ви помогне во брзиот напредок.rn

Ме болат колената

rnМускулниот дисбаланс вообичаено предизвикува болка во колената. Вежби за подобрување на балансот, како јога и пилатес ќе ви помогнат во ваква ситуација. Не ги заборавајте и склековите, но внимавајте да ги практикувате правилно. По трчањето, задолжително истегнете се. Избегнувајте да трчате по угорнини доколку имате чувствителни колена.rn

Премногу сум мрзелив/а

rnОбидете се трчањето да го поврзете со сјајното чувство по тренингот, па затоа изговорот „Премногу сум изморен/а да трчам“, заменете ја со „Одам на трчање за да се наполнам со позитивна енергија“.rn

Не напредувам доволно брзо

rnМожеби е време за промена на рутината, на неколку недели сменете ја брзината, местото на кое трчате или обидете се да се зачлените во некој клуб за трчање. Кога околу себе имате друштво, ќе ви биде позабавно и ќе имате поголема мотивација.rn

Ме боли грбот

rnСлабите стомачни мускули се една од причините за болка во грбот. Во загревањето додајте вежби за зајакнување на стомачните мускули, а задолжително во својата рутина внесете и јога или вежби за истегнување. Доколку болката продолжи, консултирајте се со лекар.rnrn(2) Пет причини зошто треба да почнете да трчате уште денескаrnrnОва се 5-те причини пора кои треба да почнете да трчате уште денеска:rn

1. Подобар сон

rnТрчањето, брзото одење, престојот на отворено ви овозможуваат подобар сон.rn

2. Го намалува стресот

rnТрчањето го намалува нивото на кортизол, хормон на стресот, па затоа луѓето кои вежбаат се помалку нервозни.rn

3. Го зајакнува имунитетот

rnЌелиите во организмот кои се борат против вирусите се посилни кај луѓето кои трчаат, па поради тоа поретко се разболуваат.rn

4. Луѓето кои трчаат се посреќни

rnРедовното трчање го зголемува лачењето на хормонот на среќата. Помага и во лекувањето на депресијата.rn

5. Посјајна кожа

rnТрчањето ја подобрува циркулацијата, ги исфрла токсините од организмот и ја одржува кожата сјајна и чиста.