Волтон Крил е американски уметник кој употребува пушка со калибар од 22 милиметри, која му е подарок од неговиот татко, за создавање сложени уметнички шаблони врз обоени алуминиумски плочи.rnrn
rn
„Мојата главна цел е да ја оттргнам деструктивната моќ, настрана од оружјето. Сакам да управувам со пушката како со алатка за креирање и да ја употребам така што ќе ја оддалечувам од нејзината оригинална цел.“
rn
rnrnВо оваа серија слики застапени се северните диви животни кои традиционално се ловат во ловечките сезони, како што се елен, був, опосум, зајак и други.rnrn
rn
„Како некој гледа на оружјето, така гледа и на мене. Доколку луѓето обожаваат огнено оружје и сметаат дека поседувањето на истото е право дадено од бога, тогаш откако ќе ја видат мојата завршена работа нивните ставови се зајакнуваат. Доколку пак сметаат дека огненото оружје треба да се забрани, тогаш на мојата работа гледаат како на ироничен протест, – одговори Волтон запрашан за својата работа.“
rn


rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
