КАФЕ ПАУЗА

Учителка од 1876-та година изработила јорган со сончевиот систем за да ги учи децата астрономија

Учителка од 1876-та година изработила јорган со сончевиот систем за да ги учи децата астрономија

За многу учители, нивната работа е многу повеќе од само предавање на лекцијата. Често овие луѓе ги надминуваат основите барања и посветуваат време и енергија за да ги инспирираат нивните ученици што е можно повеќе.rnrnУчителка од 1876-та година изработила јорган со сончевиот систем за да ги учи децата астрономијаrnrnЕдна учителка со ваква посветеност на своите ученици била Елен Хардинг Бејкер, која била и американски астроном. Таа живеела во 19-тиот век и е позната по нејзиниот навистина креативен метод на учење. Се верува дека поминала 7 години везејќи го целиот сончев систем на јорган што го користела за предавање на нејзините часови.rnrnУчителка од 1876-та година изработила јорган со сончевиот систем за да ги учи децата астрономијаrnrnЈорганот бил завршен во 1876-та година и е со должина од 269, а широчина од 226 метри. Јорганот е направен од црна волна и е извезен со шарен конец од волна и свила.rnrnУчителка од 1876-та година изработила јорган со сончевиот систем за да ги учи децата астрономијаrnrnСлично како илустрациите од сончевиот систем во книгите за астрономија од тој период, во средината се наоѓа сонцето, околу него осумте планети од системот, како и појас астероиди и многу ѕвезди.rnrnУчителка од 1876-та година изработила јорган со сончевиот систем за да ги учи децата астрономијаrnrnМесечината на Земјата, месечините на Јупитер, како и дел од месечините на Сатурн, Нептун и Уран се вклучени во делото како мали извезени точки. Прстените на Сатурн се прикажани со жолта боја. Во горниот лев агол се наоѓа и голема комета и најверојатно ја претставува Халеевата, која тогаш последен пат била видена во 1835-та година.rnrnУчителка од 1876-та година изработила јорган со сончевиот систем за да ги учи децата астрономијаrnrnЈорганот со сончевиот систем на Бејкер сега се наоѓа во Националниот музеј на американската историја Смитсонијан. Иако моментално не е изложен, неговата вредност и неговото значење живеат до денес.rnrnПогледнете ги и делата на оваа уметница која користи конец за да создаде неверојатни пејсажи.