Тату артистот Дилон Форте создава неверојатни тетоважи со природни геометриски форми. Изминативе 12 години, тој ја пренесува неговата љубов кон природата и нејзините неверојатни дезени во неговите дела кои ја симболизираат поврзаноста на сите нешта.rnrn
rn
„Светата геометрија ги претставува математичките пропорции и релации во рамките на природата. Сметам дека оваа поврзаност е фасцинантна и кога се фокусирам на неа можам уште повеќе да ги ценам овие поврзаности.“
rnФорте е под влијание и од неговите патувања, а ова му помага да се поврзе со суштината на неговата визуелна уметност.rn
„Културите ширум светот ја препознаваат светата геометрија веќе илјадници години и ѝ оддаваат почит со нивната уметност, архитектура, религии и слично.“
rnПроучувајќи ги овие извори, тој употребува разни стилови – од тетоважи изработени со точки, па сè до елементи кои изгледаат како да се насликани со четка. Мандалата, која на некој начин го претставува универзумот, е најчестиот мотив во неговите дизајни. Таа ја претставува убавината на цикличен свет кој понекогаш има остри рабови, а понекогаш меки.rnrnНо, тетоважите не се неговиот единствен начин на изразување креативност – неретко слика и на традиционалното платно. Сепак, тетовирањето е искуство што не може да се замени со слика на платно.rn
„Она што ме тера да ја тетовирам мојата уметност на луѓето е тоа што овие ‘платна’ продолжуваат да ги изложуваат моите дезени во текот на целиот нивен живот. Тие им придаваат свое значење на тетоважите, а јас сакам да ги правам луѓето среќни.“
rn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
