Малкумина знаат дека генијалниот надреалист Салвадор Дали го илустрирал лимитираното издание на детската класика „Алиса во земјата на чудата“, на англискиот писател Луис Керол. Книгата е отпечатена во Њујорк, во 1969 година од „Maecenas Press-Random House“. Во неа се наоѓаат 12 илустрации за секое поглавје и една за почетната страница, на која стои и неговиот потпис.rnrn
rnrnБлагодарение на галеријата „Вилијам Бенет“ во Њујорк, илустрациите се дигитализирани и изложени. Инаку, ова издание на книгата денес е едно од најбараните предмети меѓу колекционерите, познавачите и почитувачи на уметноста на маестралниот Дали.rnrn










rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
