Ако замислиме како би изгледал еден совршено уреден модерен стан, би рекле дека руските дизајнери успеале да ги претворат нашите мисли во ремек-дело.
Дизајнерите од студиото Svoya претвориле едноставен дуплекс во вистинско семејно гнездо. Белата боја го отвора просторот во секоја соба, а сината и црната боја ја комплетираат неутралната палета.
Едноставната дневна соба со аголна гарнитура е совршено место за собир на целото семејство. Од дневниот престој се преминува во трпезаријата и кујната во кои владеат едноставност и елеганција во совршен склад со бела и дрво боја.
Белите модерни скали не го оптоваруваат просторот иако се поставени во централниот дел од станот.
Модерните висечки лустери создаваат рамнотежа на високите тавани, а стаклената ограда покрај тенкиот гелендер додава прозрачност и му дозволува на просторот уште повеќе да диши.
Спалната соба е уредена во контраст од црна и бела боја со елементи на темновиолетова, додека кафеавите нијанси во купатилото асоцира на природен камен и на оваа просторија ѝ дава ефект на спа-центар.
На спратот има и мини дневна соба со ефектни украси на ѕидот, а во неутрална комбинација од светлосина, бела и беж боја е уредена детската соба во која преовладуваат чувството на нежност и спокој.
Погледнете како е уреден остатокот од просторот на следната страница…

