Овие фотографии се направени од страна на американскиот фотограф Хери Витиер Фрис (1879-1953), кој ги облекувал неговите мачки и кучиња и ги фотографирал во ситуации во кои најчесто се наоѓаат луѓето.rnrn
rnrnТој употребувал специјално направена опрема, која ја изработиле неговите родители, за да ги држи животните мирни и исправени. Започнал да го прави ова, кога за време на неговата роденденска забава во 1906 година, една хартиена капа паднала од масата и слетала врз главата на неговата мачка. Тој ја фотографирал и оттука почнала серијата интересни фотографии.rnrn
rnrnПотоа почнал да создава фотографии, однапред смислувајќи интересни сценарија, а тие почнале да се појавуваат на разгледници, календари, книги, на материјали за маркетинг, а и неколку списанија објавиле дел од неговите слики.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
