Ако не ја следите Дона Неделковска, односно donnaoctober на Инстаграм, тогаш веднаш треба да го направите тоа! Нејзините креативни фотографии ќе ви го разубават уживањето на оваа социјална мрежа. Но, која е всушност Дона? Таа е стоматолог, чие хоби, фотографирањето, ѝ преминало во втора работа. Обожава хорор филмови и едно од најголемите и највпечатливите искуства во нејзиниот живот е 6-месечната работа на брод, каде што исто така била фотограф. Ве заинтересиравме? Прочитајте го нашиот разговор во продолжение, запознајте ја подобро и погледнете дел од нејзините најдобри фотографии…rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
1. Како ја откри твојата страст за фотографирање? И дали се сеќаваш на првата фотографија што ја имаш направено?
rnКога ќе размислам, уште многу одамна, долго пред фотографијата да ми стане хоби/работа, секогаш јас бев таа во друштвото што беше задолжена за сликање. Постојано имав апарат со себе и скоро сите фотографии од средно и од целото наше дружење ги имам направено јас.rnrnПрвиот професионален апарат го купив кога имав околу 20 години и со него почна приказната на „donna october“ и моето посериозно навлегување во оваа област. Беше пролет кога го купив и мислам дека првата фотографија што ја направив беше расцветено дрво или некој цвет – класика.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
2. Го разгледавме твојот профил на Инстаграм, и воодушевени сме од фотографиите. Како наоѓаш инспирација и дали сакаш да пренесеш некаква порака со твоите дела или пак, едноставно само „ловиш“ моменти?
rnНа мојот профил најчесто можат да се сретнат фотографии кои ги имам направено во природа чија убавина и константи промени ми се секогаш инспирација. Музиката и стиховите од омилените песни исто така знаат да ми дадат визија и емоција која потоа ја преточувам во фотографија.rnrnТука се и моите портрети – сега по најново ги викаат напредни селфиња, на кои можеби изгледа дека единствениот мој удел е тоа што позирам, но и зад тие слики се кријат исклучиво мои идеи, мотиви и планови што ги реализирам со помош на триножник и тајмер. Понекогаш ми помага и некој од најблиските, кои веќе ги имам истренирано и знаат точно што барам од нив кога ми треба асистент.rnrnИсто така, позади секоја моја фотографија, дури и зад оние кои можеби не изгледаат така, има некаква порака или емоција која во тој момент сум имала потреба да ја споделам.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
3. Преферираш да фотографираш со мобилен или со фотоапарат? Исто така, дали користиш софтвер за обработка и отприлика колку време ти треба за да подготвиш една фотографија за објавување на Инстаграм?
rnИсклучиво со апарат. За обработка користам и Фотошоп и Лајтрум, иако Фотошоп ми е број еден. Интересна ми е и апликацијата Афтерлајф, која ја користам за дополнителен „винтиџ“ ефект што во моментов ми е актуелен. За обработка не ми треба многу време затоа што, генерално, на ист начин ги обработувам сите мои слики, и со оглед на тоа што веќе имам доволно пракса, прилично сум брза. И нестрплива за да објавам нешто ново.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
4. Кога според тебе е најдоброто време за објава на Инстаграм, за фотографијата да допре до најмногу луѓе, и кои хаштагови најчесто ги користиш? И дали имаш омилен Инстаграм филтер?
rnМислам дека нема најдобро време, веројатно различно е за секого, зависно од публиката. Иако сега со овој алгоритам нема правила.rnrnПорано почесто користев хаштагови, сега ретко, само во ситуации кога соработувам со некој бренд и морам да ги спомнам или го пишувам името на артистот чиј стих сум употребила како наслов. Освен овие ситуации, хаштагот #mood ми е единствен којшто ми паѓа на памет и го користам почесто.rnrnОмилен филтер моментално немам, а порано ми беше „Aden“.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
5. Би сакала ли да споделиш неколку совети за младите, талентирани македонски фотографи што се обидуваат да се пробијат на ова поле? Што е најважно за успех според тебе?
rnМислам дека кога нешто се прави со срце и со душа, без разлика дали станува збор за фотографија или за нешто друго, резултатите се позитивни. Ова важи за сè во живот. Исто така треба време и трпение, и верувајте ова значи нешто, затоа што доаѓа од човек на кој трпението не му е силна страна.rnrnМногу е важно на секое наше дело да имаме свој печат и нешто карактеристично за нас, свој стил и автентичност, а не само нешто што би им се допаднало на другите. Ама на крајот од денот, ова е мојот начин, а универзално правило нема. Некогаш сè што е потребно е само среќа и добар тајминг.rnrnОд друга страна пак, имајте на ум дека не секогаш нашиот труд ќе има брзи резултати. Отсуство на каков било фидбек за нашиот труд може да делува многу разочарувачки и да се изгуби мотивација, ама некогаш треба и да му се даде време на времето.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
6. И за крај, дали би можела да издвоиш една твоја фотографија, што ти е навистина драга, и да ја споделиш приказната зад неа?
rnБуквално позади секоја фотографија имам некаква приказна или сентиментална вредност, ама има еден настан што ми се издвојува од сите. Станува збор за една фотографија од минатото лето, кога имав желба да направам фотосесија во поле со сончогледи и имаше само едно место во мојот град каде што локацијата ми одговараше и беше релативно блиску.rnrnТргнавме со друштво, и работата која требаше да трае 30 минути, се претвори во едно цело патешествие со расипан автомобил на половина пат до целта, пешачење од неколку километри, автостоп и најважно трка со времето – затоа што беше скоро зајдисонце, односно имавме преостанато само уште малку дневна светлина.rnrnСо оглед на тоа што тој викенд ми беше последен во Македонија, следната недела требаше да одам во странство на 6 месеци, па немаше воопшто простор за одложување и откажување. Но, поради самата желба и секако, мојот инает, успеавме да пристигнавме на локацијата буквално 10 минути пред да се стемни и мисијата беше успешна.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrnВи се допаднаа овие фотографии? Запознајте ја и Николина, мајка на две неодоливи дечиња, која ќе ве освои со своите одлични фотографии на Инстаграм.
